Македонија
(Видео) Новинарите со марш од Владата до Собранието: Стоп за понижувањата од политичарите

Новинарите излегоа на протестен марш за да го изразат незадоволството од нападите врз новинарите, навредите и понижувањата од политичарите, нелојалната конкуренција, небезбедните услови во кои работат, како и лошата социо-економска состојба.
Новинарите се движат од Владата до Собранието, каде што се очекува да ги испратат своите барања до властите.
Протестниот марш е во организација Здружението на новинарите и Синдикатот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Орце Ѓорѓиевски ќе има задача да го врати Скопје на скопјани, рече Мицкоски презентирајќи го кандидатот за градоначалник

Премиерот Христијан Мицкоски денес, во обраќање пред јавноста, го презентираше актуелниот прв човек на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, како иден градоначалник на Град Скопје – одлука што ја донесе Извршниот комитет на партијата.
Со тоа, Ѓорѓиевски на локалните избори ќе влезе во трката за прв човек на Градот, на местото на Данела Арсовска. Во 2021 година, Арсовска седна на градоначалничката фотелја поддржана од оваа партија, но кусо потоа се отвори фронт на несогласувања и почна вербална офанзива, па речиси и да немаше соработка помеѓу градската и извршната власт во изминатите години за клучните прашања. Оттука, Мицкоски денеска искоментира дека ги научиле сите лекции од минатото за повторно да не згрешат при изборот.
За Ѓорѓиевски, Мицкоски рече дека убедливо водел на сите партиски анкети и како градоначалник на Кисела Вода покажал и докажал дека умее и сака да работи за граѓаните.
„Исклучително е мотивиран да победи, а потоа и да победува секој ден за Градот Скопје и скопјани. Тој е отворен и достапен и посветен работник кој решава проблеми. Нова енергија каква што му е потребна на Скопје после едно четиригодишно девастирање и замреност на Градот“, рече премиерот.
Мицкоски изјави и дека Орце Ѓорѓиевски ќе има нова задача да го врати Скопје на скопјани и изрази уверување дека со заедничка работа доаѓаат добри денови за Скопје – решавање на превозот, хигиената, урбаниот хаос.
„Ќе понудиме програма, заедничка работа и визија за Скопје. Овие избори влегуваме како фаворити, а тоа значи уште поголема одговорност да направиме повеќе“, рече Мицкоски.
Македонија
Орце Ѓорѓиевски е кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, да биде кандидат за градоначалник на Градот Скопје.
Одлуката ја соопшти Христијан Мицкоски, кој рече дека анкетите покажуваат оти води убедливо и како градоначалник на Кисела Вода покажа дека умее и сака да работи за граѓаните.
„Орце е докажан работник, а делата говорат за него“, рече Мицкоски.
Македонија
За осум часа 155 сообраќајни прекршоци во Скопје, 51 санкција за возачи на мотоцикл

Вчера во периодот од 17.00 до 01.00 часот полицијата спроведе засилена акција, со посебен акцент за преземање мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, при што се преземени вкупно 51 мерка.
Од нив седум санкции за возење без возачка дозвола, 25 мерки за управување мотоцикл без заштитна кацига, три мерки за управување мопед без положен испит за познавање на сообраќајните правила и прописи, осум санкции за управување мотоцикл со несоодветна категорија, две мерки за минување со моторцикл на црвено светло, три мерки за незастанување на даден знак Стоп од униформиран полициски службеник.
Одземени се два мотоцикли поради измината важност на сообраќајната дозвола од над шест месеци.
За време на сообраќајната контрола санкциинирани се и 104 други видови на сообраќајни прекршоци.Исто така во текот на изминатата вечер контролирани се осум угостителски објекти во координација со Државен пазарен инспекторат при што констатиран е еден прекршок, легитимирани се 66 лица, а извршени се прегледи на лица 23 лица и осум патнички возила.