Македонија
Во Итната медицинска помош во Неготино фалат лекари, ќе дежураат и матичните
Министерството за здравство соопшти дека со цел подобрување на достапноста на здравствените услуги за граѓаните во општина Неготино матичните лекари ќе бидат вклучени во дежурствата во здравствениот дом во службата на Итната медицинска помош.
На вчерашната средба на Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигугрување, Здравствен дом Неготино и матичните лекари била донесена одлуката да им се обезбеди 24-часовна здравствена заштита на граѓаните во општината.
„Поради недостиг на лекари во Итната медицинска помош, а во согласност договорените обврски помеѓу Здравствен дом Неготино и матичните лекари, истите се обврзани да обезбедат 24-часовна здравствена заштита на населението“, велат од Минисерството за здравство.
Од Министерството додаваат дека договорна обврска на матичните лекари кои имаат склучено договор со ФЗОМ е да учествуваат во системот на дежурства. Токму затоа, појаснува Министерството, за првпат се воведува вклучување на приватните лекари во дежурства во службата на ИМП во Здравствен дом Неготино, а по потреба ќе се шири и во останатите општини каде има недостиг на лекари во ИМП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

