Македонија
Во ковид-центрите во Скопје за 24 часа хоспитализирани 28 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 28 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а вкупно се лекуваат 412 лица. Голем дел од нив се на кислородна поддршка, соопшти Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 35 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 13 пациенти, на Клиниката за неврологија 17 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 29 пациенти со симптоми на коронавирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 21 пациент, на Клиниката за очни болести 13 пациенти, а на ОРЛ 16 болни. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 18 пациенти.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 105 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 136 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 44 пациенти.
„И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 102 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ ‘8 Септември’. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка“, велат од МЗ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце за излез од државата се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците на улица Филип Богдански, општина Аеродром;
· од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од дел од улицата Црноризец Храбар, од бр. 2 до бр. 20., општина Аеродром.
Македонија
Сончево со мала до умерена локална облачност, температурата до 32 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Времео во наредните денови
Во вторник претежно во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд. Дневните температури ќе бидат малку под просекот за овој период од годината. Од средината на следната седмица времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.