Македонија
Во Крушево поради магла видливоста намалена до 50 метри

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Слаби врнежи од снег има на Попова Шапка и Маврово. Во Крушево поради појава на магла видливоста е намалена до 50 метри, извести АМСМ.
Поради поставување на заштитна мрежа на Регионален пат Р1102, делницата Велес – Градско, на ден 15.01.2024 год. ќе биде затворена за сообраќај во периодот од 10:00 до 16:00 часот, додека од 16.01.2024 до 18.01.2024 год. затворено за сообраќај ќе биде во периодот од 08:00 до 16:00 часот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на Галетановски: МВР веднаш да го расчисти случајот

СДСМ најостро го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на претседателот на Градската организација, Ѓорѓи Галетановски.
„Со доаѓањето на ВМРO-ДПМНЕ на власт безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена.
МВР наместо да се занимава со тоа како лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ да земат милионски тендери нека земе конечно нешто да работи.
Бараме МВР и сите надлежни институции веднаш да постапат, целосно да го расчистат случајот и сторителите да одговараат“, велат од СДСМ.
Македонија
За една недела „пајакот“ кренал 132 возила во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 01.09. до 07.09.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 132 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.
Македонија
СДСМ најави: Ќе продолжиме со објавување на „Вистината за АНБ“, што ја плаши власта па бега од декласификација?

„Што ја плаши власта толку многу па бега од декласификација на документите за случајот со АНБ“, прашува СДСМ.
„Дали е тоа поврзано со сомнителни, криминални активности на ВМРО-ДПМНЕ или влијание на туѓи држави? Зошто самиот премиер Христијан Мицкоски, кој тврди дека бил следен, не побара веднаш декласификација на целата документација од Агенцијата за национална безбедност?
СДСМ ќе продолжи со објавување на вистината и со поставување на вистинските прашања од кои бега власта“, велат од опозициската партија и најавуваат прес-конференција за 11 часот денеска.