Македонија
Во кумановската касарна свечено одбележани годишнината на Бригадата на Југоисточна Европа, смената на командантот на Бригадата и на претседавањето на процесот СЕДМ
Со свечена церемонија, денеска, во касарната „Боро Менков“ во Куманово беше одбележана 27-годишнината од основањето на процесот СЕДМ, 24-годишнината од основањето на Бригадата на Југоисточна Европа, смената на претседавањето со СЕДМ од Бугарија на Романија, како и смената на командантот на Бригадата, од грчкиот генерал Евангелос Митруцикос на албанскиот генерал Билбил Битри.
На свеченоста заменик-министерот за одбрана, Тирон Јајага, истакна дека 40-те припадници на шест НАТО-армии во рамките на Бригадата работат како едно и здружено придонесуваат кон глобалниот мир и безбедност.
„27 години СЕДМ и 24 години SEEBRIG се фактори за регионална стабилност и потврда дека заеднички можеме да одговориме на современите безбедносни предизвици. СЕДМ е докажан форум за регионален дијалог и одличен формат за регионална безбедносна соработка. Промените на безбедносното опкружување, а особено со руската агресија врз Украина, сајбер-заканите, лажните вести, дезинформациите и елементарните непогоди и катастрофи, нè потсетуваат дека треба да размислуваме за развојна стратегија, со цел да бидеме пофункционални во справувањето со овие предизвици“, рече Јајага.
Тој изрази уверување дека во рамките на оваа иницијатива постојат огромни можности за унапредување на нашата заедничка соработка, кои се неопходни во современиот безбедносен контекст, со цел да се создадат регионални механизми за справување со предизвиците, со кои несомнено ќе се соочуваме и во иднина.
Јајага упати благодарност до досегашниот командант на Бригадата, грчкиот генерал Митруцикос, и до бугарското претседавање со СЕДМ за нивната заложба и придонес во развојот на иницијативата и на Бригадата, а на новиот командант на SEEBRIG, Битри, и романските претседавачи со СЕДМ им посака успех во работата. Истакна дека Министерството за одбрана и Северна Македонија како земја посветена на зацврстувањето на регионалната соработка и воедно домаќин на Бригадата, ќе продолжат активно да ги поддржуваат нивните активности.
„Северна Македонија многупати досега покажала дека цврсто верува во заедништвото и интеграциите. Во континуитет сме вклучени во сите регионални иницијативи на Југоисточна Европа и активно придонесуваме во развојот на пријателски односи со сите земји во регионот. За иднината на нашиот регион, најважно е сите да бидеме посветени и упорни во зацврстувањето на стабилноста, помирувањето и промовирањето на меѓусебното разбирање и политичкиот дијалог, доброто владеење, владеење на правото и почитувањето на човековите права. Во тој поглед нашата визија за СЕДМ и SEEBRIG е во иста насока со објавените приоритети на Букурешт и целосно ќе ги поддржиме и ќе работиме во заеднички интерес“, заклучи Јајага.
На свеченоста се обратија и досегашниот претседавач со СЕДМ, заменик-министерот за одбрана на Бугарија, Атанас Запријанов, новиот претседавач со оваа иницијатива, државната секретарка во Министерството за одбрана на Романија, Симона Којокару, како и досегашниот и новиот командант на Бригдата, бригадните генерали Митруцикос и Битри, кои укажаа на важноста од развојот на СЕДМ и SEEBRIG, чија основна цел е зацврстувањето на регионалниот мир, безбедноста и стабилноста.
Во командата на Бригадата, чиј домаќин до 2026 година е Северна Македонија, заедно работат припадници на шест држави – Северна Македонија, Албанија, Бугарија, Грција, Романија и Турција, а дел од иницијативата СЕДМ се уште девет земји од регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Со само 𝟣𝟢𝟢 денари до нов автомобил!
Кога среќата се бара и чудата се можни – доказ за ова е инстант лозот „Титаниум“ на Државна лотарија. Со симболичен влог од само 100 денари, секој играч има единствена можност да стане добитник на еден од седумте Ford Focus Titanium, на еден од седумте Ford Kuga ST Line X или на различни парични добивки.
Титаниумската среќа веќе ја почувствуваа добитници од различни градови низ државата. Тие денес уживаат едно поинакво искуство зад воланот. Возењето за нив значи сигурност и нова енергија, но и радост и возбуда. Првата добитничка на премија од „Титаниум“ доаѓа од Штип и го освои автомобилот Ford Kuga, а добитничка од Скопје доби Ford Focus како роденденски подарок. Токму ваквите моменти и доживувања ја претвораат играта во магија.
„Титаниум“ не е само инстант лоз – тој е симбол на надеж и верба во чуда. Секое гребење е потсетник дека животот може да донесе убави изненадувања тогаш кога најмалку ги очекуваме. Но и доказ дека треба да веруваме во нив.
„Титаниум“ може да биде и оригинален подарок за најблиските со ковертите „Среќа плус“ на Државна лотарија. Замислете, со еден мал знак на внимание може да донесете голема радост и незаборавни моменти на оние што најмногу ги сакате.
Секој лоз „Титаниум“ крие можност за убав пресврт, а можеби токму во вашите раце е следната добитна приказна. За само 100 денари може да ја почувствувате возбудата. Не дозволувајте среќата да помине покрај вас, таа е под прстите. Купете го „Титаниум“, изгребете и бидете следниот добитник.
ПР
Македонија
МВР потврди: Уапсен Артан Груби
На граничниот премин „Блаце“, припадници на Министерство за внатрешни работи го уапсија поранешниот прв вицепремиер Артан Груби.
„Денеска (23.02.2026) во 06:10 часот на Граничниот премин Блаце, на влез во државата, од слобода е лишен Артан Груби (48), кој беше баран со меѓународна потерница за истрага за сторено кривично дело по чл.354 ст.5 в.в. ст.3 в.в ст.1 в.в со чл.22. од КЗ“, велат од МВР.
Груби се товари за злоупотреба на службената положба во случај поврзан со Државна лотарија. Во предметот осомничен е и Перпарим Бајрами, а истрагата се однесува на наводна проневера од околу осум милиони евра преку набавка на ВЛТ апарати.
Македонија
Без струја денеска делови од Бутел, Карпош и Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улицата Марко Крале лоцирани околу објектот бр. 51, општина Бутел;
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, корисниците од улицата Козле лоцирани позади фабриката Реплек, општина Карпош;
– во периодот од 08.35 до 11.00 часот, корисниците од улицата Радишанска, општина Бутел;
– во периодот од 12.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улицата 1439 во населба Пинтија, општина Кисела Вода.

