Македонија
Во Маврово обележана втора женка рис за оваа сезона
Македонското еколошко друштво (МЕД) на 24 февруари заедно со Националниот парк Маврово со помош на кафез-замка залови нова единка балкански рис на планината Бистра во близина на селото Ростуше.
Станува збор за женка рис именувана Лиса, која е третата женка означена со околувратник во досегашните мониторинг-сесии на МЕД. Женката е на возраст меѓу 6 и 7 години, а тешка 15 килограми. Таа е здрава и витална, а тоа го потврдува и првиот најден плен на терен – срна, само три дена по нејзиното обележување.
„Во постапката за успивањето на животното и земањето биометриски податоци и примероци асистира претставник од Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, биолог вработен во Националниот парк Харц, Германија, како и вработени во Националниот парк Маврово“, информираат од МЕД.
Досега со радиотелеметрија и ГПС-лоцирање се заловени девет единки во рамките на истражувачките активности од Програмата за закрепнување на балканскиот рис, кои МЕД систематски ги спроведува од 2010 година.
Околувратникот ставен на Лиса ќе обезбеди нови информации за распространувањето и однесувањето на ова критично загрозено животно.
На Балканот се проценува дека има уште 40 возрасни единки балкански рис, кој според Меѓународната унија за зачувување на природата (IUCN) е животно со критично загрозен статус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

