Македонија
Во Маврово 95, на Попова Шапка 50 сантиметри снег
До седум часот изутринава највисока снежна покривка е измерена во Маврово, Пожаране и на Попова Шапка.
Како што посочија од УХМР, утринава во Маврово се измерени 95 сантиметри снег, 57 сантиметри се измерени во Пожаране, а 50 сантиметри на Попова Шапка. Висината на снежната покривка во Лазарополе изнесува 48 сантметри, 44 во Дебар, Крушево, 38 сантиметри во Тетово, 35 во Битола, 34 во Охрид, 32 во Тополчани, 27 сантиметри во Ѓуриште, 25 во Претор, 17 сантиметри во Скопје, 15 во Прилеп, 14 во Куманово, 12 во Скопје Петровец, 11 во Струмица, 10 во Штип, Демир Капија, најмала снежна покривка, или нешто под десет сантиметри е измерена во Берово (9 сантиметри) и 8 во Гевгелија.
Најниски температури во текот на ноќта се измерени во Крива Паланка, Маврово, Скопје, Петровец, Крушево.
Во Крива Паланка, Маврово, Скопје, Петровец, Крушево температурата изнесувала минус 8, во Струмица и Лазарополе минус 6, Тетово и Куманово минус 5, Прилеп минус 4, Штип, Берово, Дебар, Д. Капија, Охрид минус 3, минус 2 во Претор и Битола, додека само 1 степен е измерен во Гевгелија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Кисела Вода, Сопиште и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:00-13:00 часот дел од улицата Архитект Сотир Томовски, општина Кисела Вода;
· од 09:00-11:00 часот корисниците од село Гврлево, општина Сопиште;
· од 09:00-15:00 часот корисниците на ул. 101 во населба Волково, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Без вода денеска дел од Бутел
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, во утринските часови повремен локален дожд, а во текот на денот кратки сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремен локален дожд, а во текот на денот со кратки сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта повторно ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено во утринските часови и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни. На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во почетокот на новата седмица врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег и на некои од повисоките места.

