Македонија
Во Македонија потврдени 237 нови случаи на Ковид-19, починаа осум пациенти
Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 237 нови случаи на коронавирус, а осум пациенти починаа, соопшти Министерството за здравство. Направени се 1.525 тестирања.
Во Скопје се потврдени 123 нови случаи, Куманово-15, Дебар-1, Штип-4, Прилеп-8, Тетово-7, Струга-11, Велес-5, Битола-5, Охрид-13, Кавадарци-11, Гевгелија-6, Струмица-5, Крива Паланка-3, Радовиш-2, Кочани-3, Пробиштип-1, Демир Хисар-1, Берово-2, Виница-1, Свети Николе-1,Кичево-2, Ресен-1, Неготино-6.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 460 оздравени пациенти од: Скопје-219, Куманово-28, Дебар-6 Штип-8, Прилеп-27, Тетово-22, Велес-14, Битола-21, Кавадарци-27, Гостивар-18, Гевгелија-12, Струмица-11, Крива Паланка-4, Радовиш-4, Кочани-9, Демир Хисар-1 Македонски Брод-1, Валандово-5, Кратово-1, Свети Николе-3, Кичево-8, Ресен-2 и Неготино-9.
Починати се осум лица, еден пациент од Скопје (75г), двајца од Куманово (61 и 65г), еден од Штип (71г), еден од Битола (66г), еден од Охрид (79г), еден од Радовиш (75г) и еден пациент од Кочани (67г). Од нив еден пациент е починат вон, останатите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 84.024, бројката на оздравени пациенти е 62.929, на починати е 2.530, а бројот на активни случаи изнесува 18.565.
Досега во земјата се направени вкупно 404.347 тестирања на Ковид -19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници, велат од СДСМ
Владата на Мицкоски донела одлука со која се отвора вратата за нови 10.000 странски работници во земјава во 2026 година, истакнуваат од СДСМ.
„Одлуката од денеска стапува на сила и се однесува на значително зголемен број во споредба со лани од дури 4.500 лица.
Доаѓаат таканаречените „економски работници“. Иако во Македонија се уште има речиси 100.000 невработени и стапката на невработеност е двоцифрена. Се беше подготвено, сега само се реализира планот. Склучија „стратешки договор“ за кој известија британските медиуми, за мигранти, потоа го сменија Законот за странци со кои ги олеснија условите за доаѓање, престој и работа“.
Ги скратија процедурите, додаваат од опозициската партија, го продолжија времетраењето на дозволите.
„Се создаде правна рамка за долгорочно задржување во државата, ако има „стратешки парнер“ секако. Донесоа резолуција – Декрет за да и забранат на опозицијата да говори за мигранти.
Тоа што се подготвуваше, почна“.
Македонија
Лекарската комора дава поддршка за новиот Закон за заштита од пушење
Лекарска комора на Република Северна Македонија изрази поддршка за новиот Предлог-закон за заштита од пушење и за мерките што со него се воведуваат, оценувајќи дека тие се во насока на унапредување на јавното здравје и заштита на населението, особено на децата, младите и ранливите групи.
Од Комората посочуваат дека лекарите секојдневно се соочуваат со последиците од употребата на тутунски и никотински производи и изложеноста на чад, кои, како што наведуваат, се директно или индиректно поврзани со кардиоваскуларни заболувања, малигни болести, хронични белодробни состојби и други сериозни здравствени проблеми.
Следејќи ги добрите европски практики, Лекарската комора смета дека новите мерки за контрола на тутунските и никотинските производи, како и заштитата од пасивно пушење, ќе придонесат за намалување на бројот на нови корисници, особено кај младите, поефикасна заштита на непушачите во затворени простории и создавање поздрава животна и работна средина.
Во соопштението се нагласува дека здравјето на граѓаните мора да биде над сите други интереси и дека доследното почитување на законските ограничувања може да резултира со помал број хоспитализации и долгорочни придобивки за целото општество.
Од Лекарската комора информираат дека остануваат подготвени активно да учествуваат во подигање на јавната свест за опасностите од употребата на тутунски и никотински производи и да дадат поддршка на мерките кои водат кон поздрава и побезбедна заедница.
Македонија
Хоџа и Филипиду разговараа за прекуграничната соработка во заштитата на животната средина
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денес оствари работна средба со амбасадорката на Република Грција во Република Северна Македонија, Софија Филипиду, на која беа разгледани приоритетите на билатералната соработка во областа на животната средина.
Во фокусот на разговорите беа активностите поврзани со управувањето со Националниот парк Преспа (Prespa National Park), управувањето со водните ресурси, хидролошката состојба на Преспанското и Дојранското Езеро, како и тековните прекугранични проекти што се реализираат.
Двете страни ја потврдија заедничката заложба за натамошно унапредување на соработката меѓу Република Северна Македонија и Република Грција, со посебен акцент на заштитата на животната средина и одржливиот развој на прекуграничните региони.

