Македонија
Во Македонија 1.100 нови случаи на коронавирус, 30 лица починаа
Во последните 24 часа во Македонија 30 лица починаа од коронавирус, а потврдени се 1.100 нови случаи, соопшти Министерството за здравство.
Направени се 2.824 тестирања, а по градови состојбата е следна: Скопје-439, Куманово-56, Дебар-5, Штип-42, Прилеп-52, Тетово-58, Струга-29, Велес-27, Битола-73, Охрид-32, Кавадарци-51, Гостивар-68, Гевгелија-5, Струмица-33, Крива Паланка-15, Радовиш-5, Крушево-2, Кочани-23, Пробиштип-3, Демир Хисар-3, Македонски Брод-4, Пехчево-1, Берово-1, Валандово-1, Виница-2, Делчево-3, Кратово-2, Свети Николе-17, Кичево-16, Ресен-10, Неготино-22.
Денеска, Институтот за јавно здравје регистрира 585 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје-168, Куманово-37, Штип-37, Прилеп-47, Тетово-10, Струга-20, Велес-32, Битола-42, Охрид-41, Кавадарци-15, Гевгелија-8, Струмица-19, Крива Паланка-4, Радовиш-4, Кочани-13, Пробиштип-5, Демир Хисар-2, Македонски Брод-5, Пехчево-2, Берово-4, Виница-10, Делчево-5, Кратово-3, Свети Николе-14, Кичево-21, Ресен-6 и Неготино-11.
Починати се 30 лица – дванаесет пациенти од Скопје (85, 68, 65, 59, 52, 73, 59, 78, 85, 68, 49 и 68), еден од Куманово (73), тројца од Прилеп (73, 63 и 73), еден од Тетово (62), двајца од Струга (57 и 64), двајца од Битола (62 и 67), двајца од Гостивар (64 и 64), еден пациент од Струмица (74), еден од Радовиш (65), еден од Крушево (80), еден од Пробиштип (76), еден од Берово (58), еден од Ресен (66) и еден пациент од Неготино (66). Пациентите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 66.330, бројката на оздравени пациенти е 42.241, на починати е 1.877, а бројот на активни случаи изнесува 22.212.
Досега во земјата се направени вкупно 344.085 тестирања на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре сончево со мала до умерена облачност, викендот постудено со локални слаби врнежи од дожд и снег
Времето утре, ќе биде сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините.
Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво.
Македонија
Утре без вода дел од општина Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре ( петок ) поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.(општина Центар)
Македонија
Претреси на повеќе локации поради сомнежи за даночна измама од поголеми размери
Од попладнево, под раководство на јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), истражители од истото обвинителство, со асистенција на полициски службеници од МВР, вршат претреси на повеќе локации низ државата.
Како што наведува ОЈО ГОКК, се обезбедуваат лица осомничени за злосторничко здружување, перење пари, даночна измама и даночно затајување од поголеми размери. Oд она што досега е познато, вклучени се и вработени во Управата за јавни приходи.
Повеќе информации се најавени во текот на денот.

