Македонија
Во Македонија 37 починати од коронавирус, потврдени 301 нов случај
Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 301 нов случај на коронавирус, починаа 37 пациенти, а оздравени се 1.091, соопшти Министерството за здравство.
Во последните 24 часа направени се 1.431 тестирање, а регистрирани се 301 нов случај на Ковид-19, и тоа во:
Скопје – 174,Кавадарци -17, Велес -16, Прилеп -14, Куманово, Тетово и Штип – по 11, Гостивар – 8, Охрид – 7, Струга – 6, Кочани – 5, Кичево – 4, Виница – 3, Неготино, Свети Николе, Берово и Делчево – по 2, Битола, Струмица, Гевгелија, Крива Паланка, Дебар и Демир Капија – по 1.
Регистрирани се 1.091 оздравен пациент, и тоа од: Скопје – 429, Охрид – 107, Прилеп -74, Велес -42, Куманово 40, Штип и Струга – по 37, Битола – 36, Кавадарци – 34, Гостивар – 29, Гевгелија -26 , Крива Паланка -24, Тетово -23, Струмица – 17 , Неготино – 13, Кочани и Делчево – по 12, Берово, Пробиштип и Богданци – по 11 ,Валандаво – 10, Радовиш – 8, Дебар и Крушево – по 7, Кичево – 6, Свети Николе и Демир Капија – по 5, Ресен – 4, Виница, Кратово и Пехчево – по 3, Демир Хисар и Македонски Брод – по 2 и Македонска Каменица 1.
Пријавени се вкупно 37 починати лица: девет од Скопје (74, 81, 47, 60, 69, 76, 79, 77, 61), 6 од Прилеп (42, 58, 72, 74, 75г и 56), по 3 од Тетово (65, 59 и 57) и Гевгелија (73, 65 и 56), по 2 од Куманово (90 и 67), Кавадарци (85 и 57), Струмица (73 и 62) и Виница (79 и 62) и по 1 починат од Битола (59), Охрид (82), Кичево (37), Неготино (64), Свети Николе (79), Крива Паланка (73) и Дебар (43). 36 пациенти се починати во болнички услови, а еден пациент е починат во домашни услови.
Досега во земјата се направени вкупно 643.004 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 135.167, бројката на оздравени пациенти е 110.388, на починати е 3.977, а бројот на активни случаи изнесува 20.802.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.