Македонија
Во моментот активни 5.707 случаи на коронавирус, најмногу во Скопје, Битола и Прилеп

Во моментот како активно заразени од коронавирус се водат 5.707 случаи во Македонија. Од нив, според последниот извештај на Министерството за здравство, најмногу се од Скопје (2.762) по што следуваат Битола со 494 и Прилеп со 340 случаи на заразени.
Само вчера беа ресгистрирани 168 нови лица заразени од коронавирус, уште седум починаа, а 275 се водат за оздравени.
Досега во земјата се направени вкупно 1.493.451 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 218.362, бројот на оздравени пациенти е 204.960, а на починати е 7.695.
Институтот за јавно здравје сѐ уште не го тестирал сојот омикрон со последното секвенционирање на примероците од минатиот месец. До Нова година се очекува да се прави нова анализа дали оваа варијанта е присутна и во Македонија. Инаку, 964 лица во земјата повторно се заразиле со вирусот, а две од нив и третпат. Само четвртина од заразените имале претходен контакт со друго заразено лице.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Подметнување пожар ќе биде тероризам, а фрлање отпад на недозволени места ќе се казнува со затвор над пет години, Мицкоски најави итни законски измени

Премиерот Христијан Мицкоски денес при посетата на Јегуновце најави законски измени со кои најстрого ќе се казнува подметнување пожар и фрлање ѓубре на недозволени места. Одговарајќи на новинарско прашање дали ги забележал депониите покрај Вардар кај Сиричино кога доаѓал кон Јегуновце, премиерот кажа дека секој што ќе биде фатен на дело ќе биде најстрого казнет.
„Во рамките на парламентарната процедура разговарав со координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ итно да имаме измени во законите со кои подметнување пожар ќе биде оквалификувано како дело на тероризам, а одлагање смет онаму каде што не му е местото ќе биде друго кривично дело кое ќе се казнува со казна затвор поголема од пет години“, рече премиерот Мицкоски.
Освен законските измени, премиерот кажа дека вчера Министерството за животна средина испратило дописи до сите општини да ги расчистат дивите депонии и сметот да се одложи таму каде што му е местото.
„Јас ги повикувам и несовесните граѓани кои што ги формираат овие диви депонии да не го прават тоа затоа што сите оние кои што ќе бидат фатени ќе бидат најстрого казнети“, повика премиерот Мицкоски.
Денешната снимка од подметнувањето на пожарот во Пинтија, премиерот Мицкоски кажа дека е само уште еден доказ дека постојат центри на моќ кои се обидуваат да внесат страв и паника кај граѓаните пред изборите. И денес тој не сакаше прецизно да каже кои се тие центри на моќ, но повтори дека одговорот на прашањето кому му одговара ваква состојба го дава и одговорот на прашањето кој ги нарачува.
Македонија
Идентификувани 20 лица осомничени за подметнување пожари во Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски денес изјави дека дваесетина лица се идентификувани како осомничени за серијата подметнати пожари во Скопје.
Според него, Министерството за внатрешни работи веќе собрало дојави и информации за нивните активности, а во координација со Министерството за животна средина ќе следуваат конкретни акции.
„Идентификувани се дваесетина лица за кои постои основано сомневање дека стојат зад целиот овој процес“, изјави Мицкоски додавајќи дека институциите интензивно работат на расчистување на случаите.
Тој посочи и дека веќе постои снимка, која јасно покажува како бил подметнат пожарот во еден објект во Скопје рано утрото во 4.30 часот.
„Видовте колку дрско се подметнува пожар и тоа е уште еден доказ дека постојат центри на моќ што сакаат да внесат страв и паника пред изборите“, рече премиерот.
Според него, заседавањето на врвот на структурите на МВР е во тек, а институциите се решени да ги спречат обидите за создавање нестабилност. „Тие ќе конструираат, ќе лешинарат, ќе подметнуваат. Ние чесно ќе работиме, ќе се бориме и на крајот – повторно ќе победиме“, порача Мицкоски.
Македонија
Идните рудари и инженери од Македонија, Хрватска и од Норвешка на практична обука во „Булмак 2016“

Компанијата „Булмак 2016“ од Пробиштип, која управува со рудниците „Злетово“ и „Тораница“, активно вложува во образованието преку практична настава и опремување стручни кабинети во средните училишта. Во партнерство со училиштата „Наум Наумовски-Борче“ (Пробиштип) и „Коле Нехтенин“ (Штип), како и со Универзитетот „Гоце Делчев“, компанијата овозможува реална обука за ученици и студенти од геолошко-рударската, машинската и од техничката струка.
Секоја година над 30 средношколци и десетина студенти добиваат можност да учат директно во производствените погони, облечени во рударска униформа и со ламба во раката – симбол на нивниот прв чекор во професијата. Практичната настава се реализира со сертифицирани ментори од областа на рударството, геологијата, електротехниката и машинството.
„Булмак 2016“ не обучува само млади од Македонија – туку и студенти од Хрватска и од Норвешка, кои преку научни екскурзии добиваат можност да се запознаат со современите рударски технологии и процеси. Оваа интернационална соработка ја позиционира компанијата како регионален центар за практична инженерска обука.
Покрај теренската обука, „Булмак 2016“ активно поддржува и опремување стручни кабинети во училиштата, овозможува стипендии за ученици, а за студентите од повисоките години – вработување и поддршка за магистерски и за докторски трудови.
Со оваа програма компанијата не само што го продолжува рударското наследство во регионот туку создава генерации млади инженери и техничари подготвени за современи предизвици – дома и во Европа.