Македонија
Во моментов гори на седум места низ Македонија, изгаснати 15 пожари
Во текот на денешниот ден, до 19:00 часот, има вкупно 24 пожари на отворен простор, од кои активни се 7, под контрола се 2 и изгаснати се 15, информираа од Центарот за управување со кризи.
АКТИВНИ: 7
1. Општина Чашка: Планина Мукос – с.Степанци, м.в.Кадиица – с.Оморани, с.Ораов Дол (мешана шума);
2. Општина Прилеп: с.Пештани – с.Кокре – с.Кален (нискостеблеста вегетација);
3. Општина Штип: с.Хаџи Хамзали – с.Едеклерци – с.Топлик – с.Драгоево, полигон Криволак (нискостеблеста шума, смреки и сува трева);
4. Општина Чучер-Сандево: с.Танушевци, м.в.Рамно (мешана шума);
5. Општина Прилеп 2: нас.Тризла (ѓубриште);
6. Општина Теарце: с.Теарце (стрништа, грмушки и сува трева);
7. Општина Демир Хисар: с.Вардино.
ПОД КОНТРОЛА: 2
1. Општина Долнени: Планина Мукос, с.Десово – с.Дреновци (мешана нискостеблеста шума и сува трева);
2. Општина Теарце: с.Глоѓи (ѓубриште).
ИЗГАСНАТИ: 15
1. Општина Сопиште: с.Јаболци, м.в.Краста (камион и ниска вегетација);
2. Општина Ѓорче Петров: с.Кучково (мешана шума и сува трева);
3. Општина Бутел 1: Качанички Пат (сува трева);
4. Општина Бутел 2: с.Љуботен (сува трева);
5. Општина Гази Баба: с.Јурумлери (ѓубре);
6. Општина Куманово: с.Табановце (сува трева);
7. Општина Липково: с.Никуштак (висока сува трева);
8. Општина Старо Нагоричане: с.Татариновац (висока сува трева);
9. Општина Гостивар 1: с.Долна Бањица (ѓубре);
10. Општина Гостивар 2: с.Форино (сува трева);
11. Општина Врапчиште: м.в.Тумба (сува трева);
12. Општина Прилеп 1: с.Радобил (шума);
13. Општина Прилеп 2: кај ресторан „Романса“ (сува трева);
14. Општина Битола: с.Острец (папрат и шума);
15. Општина Кочани: с.Нивичани (мала депонија и сува трева).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Стојкоски: Стоп за дезинформации и паника, во општина Ѓорче Петров нема, ниту ќе има мигрантски кампови
Стоп за дезинформации и паника. Советот на Општина Ѓорче Петров јасно и недвосмислено ја отфрла секоја лага и манипулација поврзана со наводно прифаќање мигранти или изградба на мигрантски кампови, напиша на социјалните мрежи Александар Стојкоски, градоначалник на општината Ѓорче Петров.
„Во нашата општина нема, ниту било побарано, ниту ќе биде дозволено воспоставување мигрантски кампови или трајно сместување мигранти.
Свесното ширење дезинформации создава страв, несигурност и ја нарушува стабилноста и соживотот во локалната заедница. Тоа не е политика – тоа е неодговорност“.
Стоиме цврсто во заштита на безбедноста, јавниот ред, меѓуетничката стабилност и мирниот живот на нашите граѓани, порачува Стојкоски.
Ги повика сите политички чинители на одговорен јавен говор и почитување на фактите.
„Мнозинството во Советот предводено од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија ги усвои следните заклучоци:
Нема мигрантски кампови во општината;
Не е побарано ниту не е договорено прифаќање мигранти;
Ннема да биде дозволено трајно сместување мигранти;
Заклучоци:
Се осудуваат лажните информации и политичките манипулации
Се констатира дека дезинформациите создаваат паника и несигурност
Се потврдува јасна политика против нелегалната миграција
Се дава поддршка на мерките на Владата за безбедност и стабилност
Се штитат меѓуетничките односи, мирот и соживотот.
Општината останува цврсто посветена на безбедноста и мирниот живот на граѓаните“.
Македонија
Тошковски: МВР успешно го заокружи проектот со ОБСЕ за хибридно образование
Министерството за внатрешни работи денес официјално го одбележа завршувањето на проектот „Градење на хибриден образовен систем во Министерството за внатрешни работи на Македонија“, со кој се поставуваат темелите на современ, одржлив и технолошки напреден систем за полициска обука.
Проектот, реализиран во партнерство со Мисијата на ОБСЕ во Скопје и со финансиска поддршка од Сојузна Република Германија, Кралството Норвешка и дополнителни придонеси од Финска, во изминатите години овозможи суштинска трансформација на начинот на стручно усовршување и професионален развој во рамки на Министерството.
Во рамки на проектот беше воспоставен модерен хибриден модел на образование кој комбинира дигитални алатки, современи дидактички методи и долгорочен пристап „обука на обучувачи“. Развиена е програма за хибридна обука, селектирани и обучени се национални обучувачи со високи дигитални и педагошки компетенции, воспоставен е Мултимедијален центар за обука во Тренинг центарот во Идризово, како и Систем за управување со учење (LMS) кој овозможува флексибилна и квалитетна едукација.
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, обраќајќи се на завршниот настан, истакна дека овие резултати претставуваат јасен показател за институционална зрелост и определба за континуирано вложување во знаење и професионализација на полициската служба. Тој нагласи дека воспоставените капацитети отвораат можности за понатамошна соработка со меѓународните партнери и за активно вклучување во регионалните образовни мрежи, вклучително и Регионалната асоцијација на полициски академии и центри за обука од Југоисточна Европа.
Министерството за внатрешни работи упати благодарност до Мисијата на ОБСЕ во Скопје, како и до меѓународните партнери за континуираната поддршка, нагласувајќи дека со овој проект не се става крај, туку се отвора ново поглавје во кое хибридното образование станува составен дел од секојдневното функционирање на Министерството и важна алатка за подготовка на полицијата за идните безбедносни предизвици.
Македонија
Стаменкоска Трајкоска на увид во реконструктивните зафати во ООУ „Партенија Зографски“
Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денес го посети ООУ „Партенија Зографски“, каде што се реализираат повеќе реконструктивни зафати. Со овие активности, општината продолжува да го унапредува образовниот простор и да создава современи, безбедни и функционални услови за сите ученици, велат од таму.
-Извршив увид во реконструктивните зафати во ООУ „Партенија Зографски“, каде што во континуитет се работи на унапредување на условите за учениците.
Поставуваме лед осветлување, во училниците и ходниците. Во моментот е во тек и реконструкција на тоалетите, што е особено важно за хигиената и секојдневниот престој на нашите дечиња во училиштето. Направени се зафати на електричните разводни табли, со што училиштето станува побезбедно и пофункционално. Со вакви вложувања покажуваме дека образованието и грижата за децата ни се приоритет и дека продолжуваме да работиме за подобри услови за учење-изјави градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

