Македонија
Во општина Кисела Вода се гради затворен пливачки базен и се реконструира трим-патеката
Градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски, и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, извршија увид во работните активности за изградба на затворен пливачки базен во училишниот двор на ООУ „Невена Георгиева – Дуња“ и на трим-патеката во општина Кисела Вода.
Базенот, кој го гради Агенцијата за млади и спорт, ќе биде со широчина на коритото 8,9 метри, должина 25 метри и длабочина од 0,8 до 1,2 метар.
Изградбата на базенот ќе чини 37.802.641 денар со вклучен ДДВ, а изведувач на градежните работи е фирмата „Енерго инвест трејд“ од Скопје.
Во исто време Агенцијата за млади и спорт во соработка со Општина Кисела Вода во должина од повеќе од два километра врши градежни активности за проширување и целосна реконструкција на трим-патеката, лоцирана покрај железничките пруги.
Додека се одвиваат градежните активности на трим-патеката, Општината ги замолува граѓаните за трпение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрана за камиони на неколку патни правци поради врнежи од снег
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на повисоките места, во западните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот, извести АМСМ
Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка, во Маврово и на планинскиот премин Стража. На планинскиот премин Буково врнежите се од дожд и снег.
Поради врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, како и на патниот правец крак Маврово – Дебар.
На патниот правец Тетово – Попова Шапка е воведена забрана за сообраќај за автобуси, а за останатите видови на возила задолжителна е употреба на зимска опрема.
Македонија
Делови од Илинден, Ѓорче Петров и Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 13:00 часот дел од улицата 19 во населба Илинден, oпштина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 14:00 часот дел од корисниците во населба Волково, поточно улиците: 95, 100, 101, 102 и 103, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 08:30 до 14:30 часот дел од корисниците на улицата Јустинијан Први во село Драчево, поточно делот од Маркет – Вајота кон село Студеничани, општина Кисела Вода;
· во периодот од 09:00 до 14:00 часот дел од улицата Герника, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-125мм на улицата Светозар Марковиќ бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Светозар Марковиќ и дел од булеварот Кочо Рацин, вклучително и објектот на Веро Џамбо, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

