Македонија
Во Охрид уништен штанд на кампањата „Бојкотирам“ поставен од „Млади за Македонија“
Неформалната организација „Млади за Македонија“ соопшти дека во раните утрински часови, штандот што за кампањата „Бојкотирам“ во Охрид бил поставен од членовите на организацијата, бил уништен, а рекламните материјали од кампањата украдени.
Злосторниците се уште не се идентификувани, но од „Млади за Македонија“ велат дека ги преземаaт сите можни мерки кои би овозможиле идентификување на сторителите и нивно соодветно судско казнување. Исто така, ги повикуваат органите да почнат да ја вршат својата работа, а не да остануваат слепи поддржувачи на насилството во земјата.
Од организацијата велат дека рушењето на штандот претставува нечесен, антидемократски обид, со примена на фашистички методи да се замолкне младината во нивниот обид да ја заштити својата татковина.

„Овој чин претставува директен обид да се наштети не само финансиски на организацијата која се финансира за сметка на доброволни прилози од нејзините членови, туку и директна закана до младите кон нивниот физички интегритет и со цел да се исплашат“, се наведува во соопштението од „Млади за Македонија“.
Оттаму на ова гледаат како систематски и планиран притисок.
„Да потсетиме деновиве беше најавено дека пратениците и пратеничките групи ќе имаат право на повластени термини и ценовници за рекламирање за време на ‘Северниот’ референдум на 30 септември. Сите останати – партии, граѓани и граѓански организации, ќе можат да се рекламираат, но во терминините кои нема да бидат искористени од парламентот и по комерцијалните цени. На тој начин се прави обид да не замолкнат преку оневозможување за рекламирање на незаконски и неуставен начин“, стои во соопштението.
„Вчера започнаа со дискриминација во рекламирањето, денеска е штандот, утре нас ќе сакаат да не нападнат. Но ние не се плашиме и ќе одиме до крај. Ова уште повеќе не поттикнува да ја продолжиме борбата за татковината“, велат од „Млади за Македонија“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

