Македонија
Во прекин железничката линија Гевгелија – Велес: се патува до некаде со воз, па се продолжува со автобус
Поради напукнат бетонски столб на мостот на Црна Река, на линијата Гевгелија – Велес, поточно помеѓу железничките станици Кукуричани – Градско, во близина на Стоби, железничкиот сообраќај на овој патен правец целосно е во прекин од 1.:25 часот – и патничкиот и товарниот.
Железниците информираат дека патувањето сепак се одвива со премостување со автобуски превоз. Конкретно, од Скопје возовите ќе сообраќаат до Градско, а од Гевгелија ќе сообраќаат до Криволак. Од наведените железнички станици – Градско и Криволак – патниците се превезуваат со автобуски превоз.
Планирано е експерти од Градежниот факултет во Скопје во текот на денешниот ден да излезат на терен за да извршат увид на состојбата, соопшти Центарот за управување со кризи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Наследникот на Ципрас во СИРИЗА: Зошто Мицотакис моли да се почитува преспанскиот, а претходно велеше дека е предавнички
Стефанос Каселакис – претседателот на грчката опозициска партија СИРИЗА, кој дојде на местото на Алексис Ципрас реагираше откако претседателката Гордана Силјановска-Давкова ја нарече земјата Македонија, за време на свечената заклетва.
Каселакис по тој повод повика на почитување на договорот.
„Ние, како партија која скапо го плати својот патриотизам, го повикуваме новото раководство на Северна Македонија да се вразуми и да размисли за своите одговорности кон историјата и иднината на нејзиниот народ“, порача Каселакис, пренесе „Прототема“.
Истовремено тој го искритикува грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, зошто сега вели дека Договорот од Преспа треба да се почитува, а претходно тврдеше дека е предавнички.
„Зошто грчката амбасадорка ја напушти салата на заклетвата на новата претседателка на Северна Македонија, која ја нарече својата земја со уставното име што го имаше пред Договорот од Преспа? Зошто Кирјакос Мицотакис моли за почитување на Договорот од Преспа? На крајот на краиштата, нели беше предавнички? Премиерот вели дека не му се допаднал Договорот, но државата има континуитет и затоа мора да се почитува“ Не, господине Мицотакис. Никогаш не молите ништо што е негативно за вашата земја да се почитува. Или го сметате за корисен договор за Грција и се држите до него, или го сметате за лош договор и одите кај вашите истомисленици и го поништувате“, рече тој.
Како што додаде, историската вистина понекогаш бавно се појавува, но секогаш ги оправдува храбрите и вистински патриоти.
Грчката влада предводена од СИРИЗА заедно со Владата предводена од СДСМ во 2018 година го потпиша Преспанскиот договор. Двете партии во тоа време ги предводеа Алексис Ципрас и Зоран Заев. Потоа СИРИЗА ги загуби изборите во Грција, а по кампањата на Мицотакис дека договорот со новото име е штетен за Грција.
Македонија
Пендаровски и’ посака успех на Силјановска-Давкова
Досегашниот претседател Стево Пендаровски ѝ честита на претседателката Гордана Силјановска Давкова за победата на претседателските избори и ѝ посака успех во извршување на функцијата.
По официјалната церемонија на примопредавање на функцијата Претседател, двајцата остварија тет-а-тет средба.
Пендаровски и Силјановска го поздравија спроведениот изборен процес посочувајќи дека изборите беа израз на волјата на македонската јавност и ја демонстрираа демократската зрелост на нашата држава.
Македонија
Фон дер Лајен: За ЕУ неопходно е почитување на обврзувачките договори, меѓу кои и преспанскиот
Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен преку објава на социјалната мрежа „Икс“ порача дека почитувањето на Договорот од Преспа е обврзувачки за земјата да го продолжи патот кон Европската Унија.
„За Северна Македонија да го продолжи својот успешен пат кон пристапувањето во ЕУ, најважно е земјата да продолжи по патот на реформите и целосно почитување на нејзините обврзувачки договори, вклучително и Договорот од Преспа“, напиша Фон Дер Лаејн.
For North Macedonia to continue its successful path on EU accession it is paramount that the country continues on the path of reforms and full respect for its binding agreements, including the Prespa Agreement.
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) May 12, 2024
Нејзината објава се случува откако претходно денес, новоизбраната претседателка Гордана Силјановска-Давкова, положи заклетва во која го употреби името Македонија, што предизвика реакции во Грција.
Неколку часа претходно, Фон дер Лаејн преку „Икс“ упати честитка до Силјановска-Давкова за изборот.
„Честитки до Гордана Силјановска-Давкова која стана првата жена претседател на Северна Македонија. Вашето лидерство доаѓа во клучен момент, додека вашата земја ги унапредува своите реформи и продолжува на својот пат кон ЕУ. Со нетрпение очекувам да работам со вас“, беше наведено во честитката.
Congratulations, Gordana Siljanovska-Davkova, on becoming the first female President of North Macedonia.
Your leadership comes at a crucial time, as your country advances its reforms and continues on its path towards the EU.
I’m looking forward to working with you.
— Ursula von der Leyen (@vonderleyen) May 12, 2024