Македонија
Во прекин сообраќајот на патот Штип-Велес поради сообраќајка

Сообраќајот на магистралниот пат Штип – Велес, на м.в. Три чешми е во целосен прекин поради сообраќајна несреќа, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија.
До несреќата дошло во 14 часот и 50 минути.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претреси на повеќе локации низ државата: Бизнисмените Јахоски и Капушевски обезбедени од полицијата

На локации во Скопје и низ државата во тек е акција на Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Попладнево полицијата ги обезбеди бизнисменот и поранешен директор на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, Ратко Капушевски и сопственикот на „Пуцко петрол“, Асмир Јахоски.
„Доцна попладнево под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, БЈБ и МВР извршуваат претреси на повеќе локации низ државава.Претресите се со Наредба на судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, а во врска со сторени кривични дела поврзани со набавка на деривати,“ велат од ОЈО ГОКК.
Од МВР исто така потврдија дека Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при Бирото за јавна безбедност, МВР во координација со ОЈО ГОКК по наредба на судија на претходна постапка врши претреси на локации во Скопје и низ државата во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителни набавки на деривати, штета од големи размери за буџетот на државата и штета врз здравјето на луѓето.
Според првичните информации, се работи за огромна сума од околу 10 милијарди денари (околу 160 милиони евра) испумпани преку фиктивни договори за позајмици и посреднички услуги за испорака на сомнителни горива.
Ратко Капушевски во 2014 година ја напушти државната служба и започна работа како проект-менаџер во канцеларијата на рускиот бизнисмен Сергеј Самсоненко. Потоа, се посвети на енергетскиот сектор и неговата компанија, РКМ, која во последните години добиваше јавни набавки во вредност од стотици милиони евра. Неговото име беше поврзувано со контроверзни тендери за набавка на нафта и нафтени деривати за државни институции.
Покрај Ратко Капушевски, во денешната акција на МВР и ОЈО ГОКК претреси се извршени и кај Асмир Јахоски, сопственик на компанијата Пуцко Петрол.
Македонија
Претреси на повеќе локации низ државата поради сомнителни набавки на нафтени деривати

На локации во Скопје и низ државата во тек е акција на Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција во координација со Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Акцијата е во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителни набавки на деривати.
– Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при БЈБ, МВР во координација со ОЈО за ГОКК по Наредба на судија на претходна постапка врши претреси на локации во Скопје и низ државата во врска со сторени кривични дела поврзани со сомнителни набавки на деривати, штета од големи размери за буџетот на државата и штета врз здравјето на луѓето – информираа од Министерството за внатрешни работи.
Македонија
Николоски: Ја разгледуваме можноста Скопје и Прага да ги поврземе со авиолинија, како и можностите за нова авиолинија Охрид – Карлови Вари

Поврзување на Скопје со Прага, соработка меѓу двата аеродроми и воведување на нови авиолинии, беа тема на разговорите помеѓу заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски и Јири Пос, претседател на Бордот на директори на aеродромот Вацлав Хавел – Прага, на средбата што денеска се одржа во Прага.
Вицепремиерот Николоски потенцираше дека Владата е максимално посветена на поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Македонија и во рамките на приоритетите што ги реализира, се спроведуваат политики на воспоставување на широка мрежа на линии низ Европа и светот.
Тој на средбата ги презентираше можностите и условите што ги нуди државата за нови авиокомпании заинтересирани за операции од двата домашни аеродроми, истакнувајќи дека Владата ја разгледува секоја можност за соработка, упатувајќи на условите за финансиска подршка за воведување на нови линии.
На средбата се отвори и прашањето за соработка меѓу аеродромот во Прага и Меѓународниот аеродром Скопје, како и можноста за воспоставување на нова линија меѓу Скопје и Прага, имајќи ги предвид добрите билатерaлни односи меѓу двете земји и потребата од поблиска комуникација меѓу двата народи.
Исто така вицепремиерот Николоски на средбата ги истакна и потенцијалите на аеродормот во Охрид и туристичката понуда што ја овозможува охридско-струшкиот регион, како предност за воспоставување на нова авиолинија до Охрид. Притоа се разговараше да се разгледа можноста за воспоставување на нова авиолинија Охрид – Карлови Вари.
Во рамки на работната посета на Прага, вицепремиерот Николоски денеска оствари и средба со претставници на автомобилската компанија Шкода на која се разговараше за идна сорботка.
Вицепремиерот Александар Николоски е во работна посета на Чешката Република, каде учествува на пленараната сесија на Заедничкиот комитет за економска соработка меѓу Македонија и Чешката Република