Македонија
Во Скопје ќе се развиваат социјални претпријатија наменети за маргинализираните заедници
Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева, денеска присуствуваше на официјалното отворање на ИПА-проектот за социјално претприемаштво „Отворени можности“, што се одржа во ЕУ Инфо-центарот, Скопје.
„Град Скопје, преку партнерството склучено со проектот, ги покажува и практикува хуманоста, солидарноста, волјата и лидерството преку конкретна техничка поддршка на потенцијалните социјални претприемачи и невладините организации, кои работат со ранливите категории граѓани/маргинализираните заедници на пазарот на трудот, со посебен акцент на жените Ромки за да основаат социјални претпријатија на територијата на Град Скопје“, нагласи Јанчева.
Таа додаде дека Град Скопје во соработка со организацијата ХЕРА преку европскиот проект „Отворени можности“ покажува локално лидерство, а е парадигма и за потребната поддршка од локалните власти за развој на социјалното претприемаштво, што води кон разобличување на идеолошките контури и до инклузивни и достапни просторни институции, пред сè, за ранливите групи граѓани.
Проектот „Отворени можности“ преку градењето на капацитетите и менторирањето, креирањето политики, како и вмрежувањето и пилотирањето конкретни мерки, ќе даде голем придонес за развојот на социјалното претприемаштво, истакнуваат од Град Скопје. Понатаму, се предвидува и регрантирање за невладините организации, кои ќе бидат подготвени да формираат социјални претпријатија со цел инклузија на лицата од маргинализираните заедници на пазарот на трудот.
Проектот „Отворени можности“, кој е финансиран од Европската Унија, од ИПА-програмата за граѓанското општество и медиумите 2016-2017, официјално почнува од денескa и ќе трае 2 и пол години (30 месеци). Станува збор за европски проект на Асоцијацијата за здравствена едукација и истражување ХЕРА организиран во партнерство со Удруга за креативни развој СЛАП од Хрватска и Град Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

