Македонија
Во Скопје 1.876 активни случаи, најмногу во Чаир и Аеродром
Во Скопје во моментов како активно заразени се водат 1.876 лица.
Во последното деноноќие, регистрирани се 52 новозаболени во главниот град, а вкупната бројка во земјата за 24 часа изнесува 128.
Според податоците по општини, најмногу заразени има во Чаир – 265 и Аеродром – 207. Во Гази Баба бројот на активни случаи изнесува 193, а во Кисела Вода 183. Зад нив е Карпош со 164 активни случаи, Центар – 150, Бутел – 133, Ѓорче Петров 129 и Шуто Оризари – 120, Сарај – 109.
Двоцифрен е бројот на заболени во Студеничани – 93, Арачиново – 36, Илинден – 23, Петровец – 20, Чучер Сандево – 12, Сопиште – 22, Зелениково- 7.
Осум лица во главниот град се странци, а 2 се водат како нераспределени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Р.Италија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Наутро ведро и студено, во текот на денот сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

