Македонија
Во Собранието претставени приоритетите на романското претседателство со ЕУ
Во Комисијата за европски прашања на Собранието, со која претседаваше претседателот на Комисијата, Артан Груби, беа претставени програмата и приоритетите за работата на романското претседателство со Советот на Европската Унија за периодот јануари-јуни 2019 година, од страна на амбасадорот на Република Романија во Република Македонија, Виорел Станила.
Претседателот на Комисијата, Груби, честитајќи ѝ го на Романија преземањето на претседателството со ЕУ, истакна дека е оптоварено со бројни предизвици, како што се претстојните европски избори, брегзитот и друго.
Сепак, нагласи Груби, ЕУ треба да ги валоризира постигнатите резултати што Македонија ги направи во изминатиот период, и тоа, пред сè, реализацијата на преспанскиот договор со усвојувањето на уставните измени во Собранието, со кој се надмина спорот со името со Република Грција, како и минатогодишниот Договор за добрососедство и пријателство со Република Бугарија. Исто така, го посочи како значајно и влегувањето во сила на Законот за употребата на јазиците со што се закружи целосната имплементација на Охридскиот рамковен договор, како дел од политичките критериуми и услов за пристапување кон Унијата.
Амбасадорот Станила истакна дека Романија ќе биде силен поддржувач на европскиот проект за ЕУ, кој треба да одговори на денешните предизвици. За агендата на романското претседателство информира дека ќе се фокусира на четирите главни приоритети: Европа на конвергенција, посигурна Европа, Европа посилен глобален актер и Европа на заеднички вредности.
Во однос на процесот на проширување на ЕУ, истакна дека романското претседателство посебно внимание му посветува на Западен Балкан со цел да се обезбеди стабилност, безбедност и развој на непосредното соседство на ЕУ. Европската перспектива за партнерите во регионот мора да се унапредува, врз основа на нивните сопствени заслуги и на поставените критериуми.
Воведни излагања по темата имаа и амбасадорот на ЕУ во Македонија, Самуел Жбогар, и вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи.
Амбасадорот Жбогар ги поздрави постигнатите договори за соработка со Грција и Бугарија, како и уставните измени, донесени во Собранието, со укажување дека земјата треба засилено да работи на изготвување и усвојување на реформските закони во следните два месеца, пред почетокот на кампањата за претседателските избори. Притоа, ја нагласи важноста од имплементацијата на законите во секојдневниот живот на граѓаните. Сето тоа е важно за во рамките на романското претседателство Советот да донесе позитивна одлука за почеток на преговорите во јуни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
МНР ги повика македонските државјани заглавени во ОАЕ да се јават во амбасадата во Абу Даби
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, имајќи ја предвид актуелната безбедносна состојба, Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата на комерцијален лет за евакуација на македонските државјани.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: [email protected]
„Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата“, велат од Министерството.
фото/Depositphotos
Македонија
(Фото) Руте во посета на Армијата: Дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во касарната „Илинден“, Скопје, оствари посета на Армијата, која се реализира во рамки на неговата официјална покана на Македонија.
Генералниот секретар беше пречекан од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски и министерот за одбрана Владо Мисајловски.

Во рамките на посетата, генералниот секретар се обрати пред припадниците на Армијата истакнувајќи го придонесот што нашата држава го прави во рамки на Алијансата.
„Вие навистина дејствувате над вашите капацитети кога станува збор за истурените копнени сили (Forward Lend Forces)“, истакна Руте, потенцирајќи „со тоа се грижите навистина да ја одбраниме секоја педа од територијата на Алијансата“.

За време на посетата беше извршена смотра на построените единици, како и на опремата и средствата со кои располагаат Лесната пешадиска баталјонска група и декларираните единици од составот на Баталјонот на специјални сили.
Во знак на признание за придонесот во зајакнувањето на соработката и поддршката на Армијата на Република Северна Македонија во рамки на Алијансата, началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски му додели Голема плакета на Армијата на генералниот секретар на НАТО.

На настанот присуствуваа генерали на Армијата и претставници од Армијата и Министерството за одбрана.
Македонија
(Видео) Филипче: Врските на Стоиљковиќ со Москва и кинеските кредити се сериозен сигнал
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по обраќањето на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, оцени дека пораките упатени од највисоката адреса на Алијансата се јасни и недвосмислени и директно се однесуваат на актуелната влада. Филипче вели дека врските на вицепремиерот Иван Стоиљковиќ со структури блиски до Москва како и кинеските кредити претставуваат сериозен сигнал за загриженост.
„Фактот дека вториот човек во Владата има отворени контакти со лица и организации кои се во директна комуникација со Кремљ, во време кога Русија води агресија врз Украина, е нешто што не може да се игнорира“, нагласи Филипче.
Тој посочи и на финансиските аранжмани на Владата, потенцирајќи дека заемот од една милијарда евра преку Унгарија, за кој европските институции во свој извештај нотирале дека станува збор за средства со кинеско потекло, отвора сериозни прашања.
„Кога на тоа ќе се додадат и кинеските пари кои пристигнаа преку заемот од Унгарија, станува јасно дека станува збор за политики кои испраќаат погрешни сигнали во рамки на Алијансата. Нашиот одбранбен чадор знае точно какви политики води оваа влада и јасно укажува на нив“, истакна Филипче.

