Македонија
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита за октомври

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за октомври 2023 година.
Корисниците на парични права што поседуваат дебитна картичка ќе може да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 3 ноември 2023 година.
Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците што не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките во согласност со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето, и тоа:
3.11.2023 – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ;
6.11.2023 – М, Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш;
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром и Сопиште

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од ул. Црноризец Храбар. (општина Аеродром)
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. 11 во Горно Соње. (општина Сопиште)
Македонија
Променливо облачно со слаб северен ветер, попладне врнежи од дожд

Променливо облачно со слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Попладне ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се прошират насекаде и наместа ќе бидат пообилни. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 14, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степен.
Во Скопје, променливо облачно со слаб северен ветер. Кон крајот на денот, а особено во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 19 степени.
Времето во наредните денови
До петок под влијание на влажен бран ќе има врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат обилни. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 30 l/m², а локално и над 50 l/m². Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, во четврток на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег, а поради натамошно спуштање на студен воздух, во петок ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките места. На повисоките планини ќе се формира снежна покривка.Температурата на воздухот значително ќе опадне. Во деновите од викендот ќе има стабилизирање на времето со пораст на дневната температура
Македонија
Дел од Карпош денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на приклучна цевка на булеварот Партизански Одреди бр. 59а, без вода ќе останат корисниците лоцирани на десната страна на потегот од булеварот 8-ми Септември до Франклин Рузвелт. (општина Карпош)
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот.