Македонија
Во целосен прекин сообраќајот на патот Гостивар – Кичево поради сообраќајна незгода

На магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на каменоломот, утрово се случила сообраќајна незгода.
Од АМСМ соопштија дека од 7.15 часот сообраќајот е во прекин во двата правца.
Засега нема информации дали има загинати и повредени во несреќата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Вината за Кочани е во врвот на МВР“, СДСМ бара оставки од Тошковски и Јанев и кривична одговорност

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се обидуваа да ја сокријат вистината за Кочани и да ги заштитат полициските функционери од власта од одговорност за трагедијата во Кочани. Наместо да побараат одговорност од полициските службеници и началници поставени од нив, Тошковски и Мицкоски правеа сè за да ги заштитат“, велат од СДСМ.
„Целта на ВМРО-ДПМНЕ беше очигледна – да се спречи одговорноста да стигне до врвот на полицијата, до директорот на БЈБ Александар Јанев и до министерот Панче Тошковски.
Под притисок од СДСМ и од јавноста, конечно беа отворени постапки против неколку началници во МВР.
Вистината излезе на виделина.
Полицијата имала обврска да го затвори објектот кој работелен нелегелно а не да спроведува контроли спротивна на оперативните процедури.
Понатаму полицијата била надлежна за безбедноста, имала законска обврска да спречи внес и употреба на пиротехнички средства, што се покажа дека е главна причина за пожарот.
Јасно е дека одговорноста лежи токму во врвот на МВР. Александар Јанев, по закон и хиерархија е кривично одговорен, а Тошковски ја сноси целата политичка и морална одговорност и затоа треба да поднесе оставка.
И двајцата мора да се повлечат за да не ја попречуваат истрагата и да не влијаат.
Без одговорност за раководството на МВР – нема вистинска правда за жртвите и нивните семејства.
СДСМ ќе продолжи да ја бара правдата за Кочани до крај.
Ги повикуваме ОЈО ГОКК и Јавното обвинителство да постапуваат непристрасно и решително – да не се штити ниту еден функционер“, соопшти СДСМ.
Македонија
Серија земјотреси почувствувани во Охрид

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утринава регистрираше серија на земјотреси чии епицентри потекнуваат од епицентралното подрачје Пештани – Охрид – Струга, 102 км југозападно од Скопје.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, од серијата на земјотреси, почувствуван е земјотресот во 4 часот и 34 минути во Охрид и блиската околина со интензитет од V степени според Европската макросеизмичка скала, а во останатите југозападни делови од Републиката, земјотресот е почувствуван со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.
Освен вознемиреност кај граѓаните, материјални штети не се пријавени.
Македонија
1570 стипендии за учениците во дуалното образование, велат од Владата

„Со конкретни мерки и идеи вложуваме во подобрување на образовниот процес. За таа цел преку Министерството за образование и наука за следната учебна година 2025/2026 ќе се доделат најголем број на стипендии за дуалното образование досега, односно 1570 стипендии за учениците кои ќе се запишат во дуални паралелки во средните стручни училишта“, велат од Владата.
„За тоа дека вложуваме во дуалното образование и ги стимулираме и компаниите за нивна поголема вклученост, покажува и тоа што над 550 компании оваа година директно ќе бидат вклучени во практична обука на учениците што ќе се запишат во дуалните паралелки.
Воедно, ова значи дека учениците со завршување на средно стручно училиште, ќе имаат поголема веројатност за брзо вработување, во најголем дел во компаниите каде посетувале пракса, или пак да продолжат со своето образование на некои од универзитетите во државата.
Наш приоритет е да ја зголемиме вработливоста на младите лица и да создадеме квалификуван кадри со вештини и компетенции што се потребни на компаниите, а со тоа ќе овозможиме младите својата иднина да ја градат во сопствената држава.
Вложувањето во образованието, значи вложување во иднината и перспективата за развој на Македонија.
Како Влада фокус се реформите во образованието за подобар и поквалитетен образовен процес“, се наведува во соопштението на Владата.