Македонија
ВРЕДИ: Бујар Османи кандидат на Фронтот на руските и српските олигарси
„Нашата земја е членка на НАТО. Но, од големо значење е прашањето, кој им ја отвори вратата на нашата држава на руските и српските олигарси? Пратеникот на ДУИ познат како „Пуцко“, Исмаил Јахоски, половина од бензинските пумпи што ги поседува, ги има од Лукоил, големата руска компанија поврзана со Путин. Самиот Пуцко добива речиси половина од тендерите, но заедно со Лукоил тој го добива најголемиот дел од тендерите од јавните институции и од министерствaтa. Прпарим Бајрами од ДУИ, директор на Лотарија, еден од своите бизниси, ресторанот во Куманово го има токму кај Лукоил, на автопат. Бизнисот со казината, кој го штитат и промовираат истакнатите личности од ДУИ, го води српското подземје“, велат од ВРЕДИ.
„Самиот Бујар Османи бил вклучен во лиценцирањето на казината, а за ова има и документ потпишан од него, во лиценцирањето на Мијалков. Фронтот на ДУИ заслужува да се нарекува Фронтот на руските и српските олигарси.
Кога тие велат Не на Русија, Не на Србија и Не на Кина, да потсетиме: Од 2002 година во РСМ влегле повеќе од 70 компании со руски капитал. Годишниот приход на овие компании е над 200 милиони евра. Нормално, се поставуваат прашањата:
– Кој беше на власт и кој дозволи влез на ЛУКОИЛ во РСМ?
– Кој е деловен партнер со ЛУКОИЛ?
– Кој беше на власт и кој дозволи влез на ТЕ-ТО во РСМ?
– Кој беше на власт и кој им го продаде BUCHIM на Русите?
– Кој беше на власт и кој му дозволи на Сергеј Самсоненко (Хотел „Русија“, „Сис инвестмент груп“) да инвестира во РСМ?
– Кој беше на власт и кој му дозволи на рускиот бизнисмен Олег Викторович Бојко, кој е на американската црна листа, (Iute Credit и Forca – брзи кредити) да инвестира во РСМ?
– Кој беше на власт и кој му дозволи на Николај Токарев (MAYA) да инвестира во РСМ?
– Чиј син на висок функционер на ДУИ е претставник на Huawei за Северна Македонија?
– Кој донесе посебен закон во Собранието со цел автопатот Кичево – Охрид да и се даде на кинеската компанија Синохидро?
– Кој го внесе српското подземје во РСМ со бизнисот со казината?
– Кој го лиценцираше српскиот Моцарт?
Одговорите на овие прашања се познати, Фронтот на руските и српските олигарси. За среќа, нивниот мандат истече, времето на ДУИ заврши. Промената доаѓа, промената ВРЕДИ!“, пишуваат од партијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Денеска температурата до 13 степени, викендов променливо облачно и постудено
Сончево со мала до умерена облачност. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.
Во Скопје, сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно и постудено време со локални слаби врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Дневната температура ќе има тенденција на опаѓање. Потоа до средината на следната седмица времето ќе биде стабилно и суво
Македонија
Без струја делови од Аеродром, Илинден и Гази Баба
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од ул.1 Црешево и ул.1 Виниче, општина Гази Баба;
· во периодот од 09.30 до 12.00 часот, корисниците на технолошка индустриска развојна зона, м.в.Птицоводна станица (само магацинот објект на Нептун), општина Илинден;
· во периодот од 11.00 до 13.00 часот, дел од корисниците на бул.Кузман Ј.Питу бр.28 и 30., општина Аеродром.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведувзње на водоводен уличен дефект Ф200мм. на улица Димитар Чуповски 27 (позади гимназијата Јосип Брос Тито), со прекинато водоснабдување ќе бидат дел од корисниците на улицата Димитрие Чуповски и Мито Хаџивасилев Јасмин.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување на работните активности.

