Македонија
„Вреди“: ДУИ има синдром на напуштена љубовница
Како пулени на СДСМ, ова изгубено раководство на ДУИ очигледно не може да преболи што и Венко Филипче ги пушта низ вода. Откако секојдневно се координираа како политички да профитираат од колективната трагедија во Кочани, сега Бујар Османи, како лице задолжено за контакт со СДСМ, емоционално изневерен што плановите им се разоткриени, повторно ја заврти истата бајата грамофонска плоча, велат од коалицијата „Вреди“.
„Наместо да ја прозиваат коалицијата Влен, ние уште еднаш ги повикуваме да престанат да шират лаги и манипулации со цел да ги оправдаат плановите за бојкот на локалните избори како обид да предизвикаат политичка криза. Конечно, треба да разберат дека токму заради нивното криминално владеење ВМРО-ДПМНЕ освои 58 пратеници на ланските парламентарни избори. Не постојат ниту јавни, ниту тајни планови за отстранување на Албанците од било каде. Постои само патолошки страв на ДУИ од правосудна одговорност за нивните поранешни функционери кои со децении се богатеа на грбот на Албанскиот народ, кого јавно го лажеа со големо Албански приказни, а тајно ги полнеа џебовите со криминални дилови со Груевски и Мијалков“, се вели во соопштението.
Како што додаваат, овие анти-албански политики на ДУИ ќе бидат жестоко казнети, бидејќи нашиот народ нема да дозволи некој да ги држи во заложништво само затоа што разгалените фотељаши не се научени да седат во опозиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и Чаир денеска без струја
Од ЕВН Македонија информираат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од улиците Кујунџиска и Битпазарска, објектите лоцирани околу националната галерија Чифте Амам, како и дел од корисниците од старата чаршија. (општина Чаир)
– во периодот од 10.00 до 14.00 часот, корисниците од ул. Јустинијан Први лоцирани околу ДИМ Маркет, како и дел од корисниците од улицата Речиште. (општина Кисела Вода)
Македонија
Поради протест блокирани повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни возила
Поради протест блокирани се повеќе гранични премини за влез и излез од државата на товарни моторни возила.
Како што известуваат од Макам-Транс, превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на 26.01.2026 година започнаа протест со блокада на граничните премини за влез и излез на товарни моторни возила од државите кој ќе трае до надминување на проблемот за евиденција на престој на возачите во Шенген зоната.
Граничните премини кои се блокирани се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце, Блато и Стење.
Затворени се граничните терминали за влез на товарни моторни возила на територија на нашата држава и на коловозните ленти на самите гранични премини за излез од државата, но само на делот за товарен сообраќај.
Патничкиот сообраќај за патници несметано ќе се врши на секој граничен премин, велат од Макам-Транс.
Како што информира АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода дел од Центар
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради давање водоводен приклучок од ф – 200 мм на улицата Титотвелешка б.б без вода ќе останат корисниците од населба Маџар Маало, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.30 часот па се до завршување на работата.

