Македонија
Денеска сончево и топло, од утре нестабилно време со пороен дожд, грмежи и ветер
Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло со слаб ветер од променлив правец, а попладне во западните планински предели можна е изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи, велат синоптичарите.
Како што соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи, максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 36 степени, а УВ-индексот ќе изнесува 8.
Во текот на утрешниот ден, како што посочуваат од УХМР, времето во попладневните часови и кон крајот на денот ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Нестабилното време ќе се задржи и во следните неколку дена, односно в среда и в четврток времето ќе биде нестабилно на повеќе места, а преодно стабилизирање според синоптичарите се очекува в петок и в сабота.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди
Променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност до сабота ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во среда и четврток, кога на повисоките планини врнежите ќе преминуваат во снег. Од среда ветерот ќе го промени правецот во северен.

