Македонија
Времен сообраќаен режим на булеварот „Партизански одреди“ во Влае
Поради извршување на градежни работи во рамки на реконструкцијата на булеварот „Партизански одреди“ во Влае, како и поради извршување на градежни работи на топловодната мрежа од страна на БЕГ, и денеска дел од оваа делница ќе биде целосно затворена за сообраќај, информира Градот Скопје.
„Поради затворање на сообраќајната делница поради асфалтирање во правец од Карпош кон Ѓорче Петров, на потегот од мостот Влајко до кружниот тек кај Порта Влае, сообраќајот за возилата кои се движат во правец од Ѓорче Петров кон Карпош ќе се одвива од другата, новосфалтирана страна на булеварот ‘Партизански одреди’. Возилата, пак, коишто се движат во правец од Карпош кон Ѓорче Петров ќе можат да се движат по две траси. Првата е од мостот Влајко во десно на улицата ‘Иван Цанкар’, до улицата ‘Ацо Шопов’ и кон кружниот тек на Порта Влае, додека втората траса (и трасата по која ќе се пренасочени сите автобуси) е од мостот Влајко во лево по улицата ‘Ангел Динев’ и возилата се приклучуваат кон улицата ‘Војвода Васил Чакаларов’ се до крстосницата со улицата ‘Ѓорче Петров’“, соопшти Град Скопје.
Оттаму нагласуваат дека привремениот сообраќаен режим ќе трае до завршување на асфалтирањето на посочената траса.
Градските власти апелираат сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни, да ја приспособат својата брзина на движење според условите на патот и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

