Македонија
Времето денеска сончево со мала до умерена облачност

Времето денеска во земјава ќе биде сончево со мала до умерен облачност, соопштија синоптичарите. Попладне облачноста ќе се зголемува, особено во западните и јужните делови, каде кон крајот на денот ќе има и локални врнежи од дожд. Од УХМР велат дека ќе дува и слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температурата ќе биде во интервал од 16 до 21 степен.
Времето и во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголемува, а исто така како и во останатите делови од земјата и во главниот град ќе дува слаб до умерен претежно југоисточен ветер. Температурата во Скопје ќе достигне 19 степени.
Од УХМР велат дека и утре ќе има зголемена облачност, а во јужните и југозападните делови ќе има и локални врнежи од дожд, особено претпладне. Потоа во наредните неколку дена продолжува периодот на стабилно време со појава на утринска магла по котлините, а дневната температура ќе биде малку над просекот за овој период од годината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево во 16 часот и 14 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, 39 км западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.7.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
МНР: Амбасадата во Прага е во координација со семејството на Чифлиганец за пренeсување на телото во Македонија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека на 2 август 2025 година, до македонската амбасада во Прага била доставена информација за тешка сообраќајна несреќа во која бил повреден македонскиот државјанин Душко Чифлиганец. Тој управувал мотор кога дошло до незгодата, по што со тешки повреди бил пренесен во болница.
На 3 август, семејството го известило дипломатско-конзуларното претставништво дека Чифлиганец им подлегнал на повредите.
Како што соопштија од МНР, Амбасадата во Прага е во континуирана комуникација со семејството со цел завршување на сите неопходни формалности и организација за пренос на телото во Македонија.
Македонија
Изгаснат пожарот кај Липково, гори на две локации

До 12 часот активни се два пожари на отворен простор, еден пожар е под контрола, а еден е изгаснат.
Активните пожари се наоѓаат во село Богомила во општина Чашка, каде гори мешана шума, како и во село Грешница во општина Македонски Брод, во деградирана нискостеблеста шума, соопшти ЦУК.
Пожарот кој е под контрола е во село Стровија во општина Долнени, зад местото викано Гајдарец-Клепало, во нискостеблеста шума.
Пожарот што е изгаснат се наоѓа во село Слупчане во општина Липково, каде горела ниска вегетација.