Македонија
Времето утре променливо облачно со температура до 27 степени

Времето утре ќе биде променливо облачно. Од пладне во западните делови на земјата ќе биде значително облачно со локален дожд, на места пороен и со услови за ретки грмежи, соопшти УХМР.
Утринската температура ќе се движи од 2 до 11, а дневната од 21 до 27 степени.
Во Скопје исто така претпладне ќе биде сончево со мала облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми. Температурата ќе биде во интервал од 8 до 25 степени.
Утре и в понеделник во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста и појава на локален дожд, на места пороен и со услови за појава на грмежи, особено во западните делови од земјава. Од вторник ќе преовладува претежно сончево време, со малку постудени утра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Зголемена стапката на морталитет во Македонија, жените живеат подолго од мажите

Кај бројот на починати лица во Македонија лани е забележан благ пораст од 0,1 процент во однос на претходната година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Според извештајот, лани починале 20.201 лица, од кои 10.604 се мажи (52,5%), а 9.597 жени (47,5%). Се забележува дека мажите, во просек, умираат 4 години порано од жените. Просечната возраст на починатите мажи е 71,9 години, додека кај жените таа изнесува 76,8 години.
Водечка причина за смрт с болестите на циркулаторниот систем, кои се причина за смрт кај 36,7% од вкупно починатите. Следна причина се неоплазмите (малигни болести) со 19,6%, а потоа ендокрините, нутритивните и метаболичките заболувања со 7,7%. Болестите на респираторниот систем сочинуваат 4,1% од вкупните случаи.
Минатата година се регистрирани и 47 смртни случаи кај доенчиња, што претставува 0,2% од вкупниот број починати.
Македонија
Тошковски на средба со директорката на Центарот за спречување конфликти на ОБСЕ во Европа, Кејт Фирон

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари работна средба со директорката на Центарот за спречување на конфликти на Организацијата за безбедност и соработка во Европа, Кејт Фирон и Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килиан Вал.
На средбата беше потврдена одличната соработка помеѓу двете институции во огромен број проекти, а беше изразено уверување во нејзиното натамошно унапредување, како и благодарност за константната поддршка и разбирање.
Министерот Тошковски се осврна на приоритетите и фокусот на МВР во периодот што следи, подвлекувајќи ја важноста и посветеноста на надградбата на капацитети, борбата против организираниот криминал и корупцијата на сите нивоа и реформите во министерството.
Македонија
Викендов сончево и малку посвежо време, од понеделник пораст на температурите

Утре ќе се задржи сончево и топло, а попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град, информира УХРМ.
Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно и малку посвежо и ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.
Од понеделник ќе продолжи период на стабилно и претежно сончево време со пораст на температурите.