Македонија
Втор јавен повик за обука на оџачари
Градот Скопје во соработка со Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување го објави вториот јавен повик за спроведување обука за професијата оџачар, а сите заинтересирани треба да се пријават најдоцна до 23 јули.
Обуката ќе трае три месеци, а по завршување на обуката кандидатите ќе изведуваат секојдневна практична работа во реални услови кај работодавци во времетраење од 1 месец, доколку како спроведувач на обуката се стопански комори, занаетчиски комори и средни стручни училишта. Доколку спроведувачи на обука се приватни компании (работодавци), практична работа во времетраење од 1 месец може да се изведува кај истата приватна компанија (работодавец).
Кандидатите за времетраењето на обуката ќе добиваат надомест од 9 000 денари месечно. По завршувањето на обуката, на секој кандидат, покрај сертификат, ќе му бидат обезбедени основни материјали за отворање сопствен бизнис и извесно вработување имајќи предвид дека чистењето на оџаците ќе биде субвенционирано од Градот.
Заинтересираните невработени лица можат да поднесат пријава во центрите за вработување секој работен ден од 09 до 14 часот. Детални информации можат да се добијат во работните клубови на центрите за вработување, на контакт-телефон 02/3111-850, како и на веб-страниците на Агенцијата за вработување на Република Македонија www.avrm.gov.mk и Министерство за труд и социјална политика на Република Македонија www.mtsp.gov.mk .
Ова е втор јавен повик годинава, додека кандидатите коишто се пријавија на првиот повик во моментов ја посетуваат стручната обука. За оваа цел, годинава Градот Скопје предвиде 10 милиони денари за субвенции за чистење на оџаците.
Во Скопје има само 8 регистрирани оџачари, а 45 проценти од вкупниот број домаќинства во Скопје се греат на дрва, што е една третина од уделот во вкупното загадување на воздухот во градот. Според некои податоци, во Скопје има над 60 000 оџаци, што многу ретко се чистат, а општо е познато дека неисчистен оџак загадува најмалку двојно повеќе во споредба со исчистен оџак.
Оваа мерка е дел од чекорите што ги презема Град Скопје за решавање на проблемот со аерозагадувањето во зимските месеци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Чаир денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради два улични дефекти ф-200 и ф -250 мм на Македонско Косовска Бригада бб (во близина на касарна Илинден), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улицата Македонско Косовска Бригада и објектот на касарна Илинден, општина Чаир.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување санација на дефектите.
Македонија
Одрон во должина од 80 метри на патот Скопје-Велес: сообраќајот кај Сопот се одвива по една лента
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес, околу два километри пред Сопот, од 21 часот се одвива по една коловозна лента (десната) поради поголем одрон.
Како што информираат oд АМСМ, одронот е во должина од 80 метри.
Фото: илустрација (depositphotos)

