Македонија
Вчера се вакцинирале 12.352 граѓани
Прва доза вакцина вчера примиле 10.179 лица, а вкупно се вакцинирале 12.352 граѓани, информираат од Министерството за здравство.
Од таму додаваат дека на вакциналните пунктови низ државата заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 219.977 граѓани.
„Во државата вкупно се аплицирани 219.977 дози вакцини, а ревакцинирани се 33.831 граѓанин. Со последните бројки, 43% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина и 33% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина“, соопштија од ресорното министерство.
Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб-страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критичната инфраструктура.
Масовната вакцинација се одвива во неколку градови во државата, и тоа во А1 СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, како и во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица и Охрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Андоновска: Изборите фер и демократски, граѓаните низ цела Македонија со голема излезност во вториот круг
Граѓаните низ цела Македонија, во општините каде што има втор круг во голем број излегоа на гласање, истакна Викторија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.
Според неа, текот на изборниот ден, во рамките на вториот круг од локалните избори за градоначалници во Македонија, минал во мирна, фер и демократска атмосфера на ниво на целата држава, во духот нa демократските вредности и принципи.
„ВМРО-ДПМНЕ, упатува благодарност до сите граѓани кои излегоа и го остварија своето уставно загарантирано право на глас во овој втор круг од градоначалничката трка за овие локални избори.
Со користење на правото на глас, граѓаните одлучуваат кому ќе му го доверат водењето на нивната општина, начинот на којшто ќе се управува истата и патот на нејзиниот развој во наредните 4 години.
Според информациите објавени од страна на ДИК, излезноста на вториот круг локални избори на ниво на цела Македонија до 13:00 часот е 18,05 %“, истакна таа.
Македонија
Герасимовски го оствари своето право на глас: повика на фер, мирен и достоинствен изборен ден
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар и актуелен градоначалник, Горан Герасимовски, денеска заедно со сопругата го искористи своето право на глас во Дебар Маало.
Тој, повика на фер и мирни избори, нагласувајќи дека секој глас е темел на демократските процеси и на идниот развој на општината.
„Денеска, со сопругата Елена го остваривме нашето право на глас во Дебар Маало. Ги повикувам сите граѓани да учествуваат во изборниот процес, кој е темелот на демократските процеси. Верувам во фер, мирен и достоинствен изборен ден, во кој граѓаните на Центар ќе покажат висок степен на политичка култура и демократски капацитет“, вели Герасимовски.
Македонија
Димитриевски: На Куманово и на Македонија им е потребна слога, соживот и разбирање
„Им честитам на сите кои што се пласираа во вториот круг.
Верувам дека денеска и Куманово и Македонија ќе победат на еден демократски начин“, истакна денеска лидерот на Движењето ЗНАМ и кандидат за градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски.
Порача општините и градот Скопје да ги изберат своите идни градоначалници.
„А што се однесува до Куманово, денес е прекрасен ден за гласање.
Очекувам солиден одзив нешто слично како и во првиот изборен круг, а што се однесува до волјата на граѓаните ќе ја видиме вечерва кога ќе се отворат гласачките кутии.
Јас како актуелен градоначалник во оваа прилика само ќе апелирам дека на Куманово и на Македонија им е потребна слога, соживот, разбирање и да продолжи во континуитет да се развива, бидејќи нашиот град тоа го заслужува“, кажа Димитриевски.

