Македонија
Вчера, 622 сообраќајни прекршоци на територијата на целата држава, 111 за брзо возење
Вчера во текот на планските сообраќајни контроли на патиштата низ државата за прв пат е евидентирана бројка од дури 31 случај на минување на црвено светло од страна на возачите, што е далеку од досегашниот статистички просек за оваа категорија сообраќаен прекршок регистриран на дневно ниво од страна на полициските службеници, извести МВР.
Инаку, од вкупно издадените 622 платни налози вчера, дел односно 58 се однесуваат на непоседување возачка дозвола, потоа изречена е 41 мерка за користење мобилен телефон при возење, 30 санкции за некористење сигурносен појас, а санкционирани се и 12 возачи на мотоцикл за неносење заштитен кацига.
Во пет случаи евидентирано е возење под дејство на алкохол, а изречени се и 14 мерки за прекршоци што ги прават пешаците. Најголемиот број на издадени прекршочни платни налози и натаму се однесува на неприлагодената брзина на движење 111, и на непрописното паркирање 184. Воедно, согласно Законот за возила, во пет случаи отстранети од сообраќај се пет возила заради техничка неисправност и уште 15 возила заради тоа што биле нерегистрирани, соопшти МВР.
Министерството за внатрешни работи, во пресрет на претстојниот викенд во рамки на кој е одбележувањето на 8-ми Март, со оглед на очекуваната зголемена динамика на сообраќај, особено на помладите категории граѓани, уште еднаш апелира до сите учесници во сообраќајот за максимално и совесно почитување на сообраќајните правила и прописи, а пред се во интерес на личната безбедност на сите учесници во сообраќајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

