Македонија
В недела Skopje Run 10K, пријавени се 1.900 учесници
Трката Skopje Run 10K ќе се одржи в недела, 6 октомври, а пријавени се 1.900 учесници. Во нејзин склоп се трката од 10 километри и штафетната трка од 5 километри х 2, кои ќе почнат во 9 часот пред фонтана „Лотус“ во Градскиот парк во Скопје.
Трката е организирана од Сојузот на спортовите на Скопје, Атлетската федерација и Атлетскиот клуб „Работнички“, кои велат дека се целосно подготвени за одличната атмосфера што му претстои на Скопје.
„Ако во минатото беше реткост да се трча, денес е сосема нормално, а спортувањето станува култура на живеење во нашата држава, особено во нашиот град. Трката на 10 километри има рекреативен, но и натпреварувачки карактер, и дава јасна порака до сите граѓани за потребата од физичка активност“, истакна Дарко Каевски, директор на Агенцијата за млади и спорт.
Кире Синадиновски, директор на „Визер – Скопски маратон“, информира дека оваа година околу 1.900 учесници се пријавија да излезат на булеварот Илинден и дека има учесници од Кенија.
Skopje Run 10K оваа година се одржува третпат.
Подигнувањето на стартните пакети е на 4 и 5 октомври во кугларницата во Спортскиот центар „Борис Трајковски“. На 4 октомври (петок) подигањето на стартните пакети ќе биде од 12 до 18 часот, а на 5 октомври (сабота) од 10 до 18 часот. Потребно е да се приложи документ за идентификација при подигање на стартниот пакет.
Сите што сакаат да помогнат и во акцијата #ЗасадиВоздух може да купат dry-fit маица за време на подигнување на пакетите и од неа да донираат 100 денари за засадување дрвја во Скопје. Акцијата е организирана заедно со Град Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утрово најстудено во Берово и Крива Паланка
Утрово најстудено било во Берово каде што се измерени -7 степени, -5 било во Крива Паланка, -4 во Скопје – Петровец и Демир Капија, -3 во Гевгелија, Прилеп и Тетово, -2 во Охрид, Виница и Крушево.
Времето денеска
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта почнувајќи од западните делови ќе има врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, особено на планините каде што ќе се зголеми снежната покривка.
Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.
Македонија
„Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!“, прашува СДСМ
„Мицкоски вчера јавно изјави дека кога лета со владиниот авион, наводно се плаши за својот живот и дека „се моли на Бога да останат живи“ кога лета. Ако тоа е вистина, тогаш се поставува суштинско прашање: Како можел тогаш во таков авион да го стави своето семејство и да ги ризикува нивните животи заради приватен одмор?“, прашува СДСМ
„Освен што злоупотребил државни ресурси за приватни потреби, го ставил ли и семејството во ризик?
Ако навистина смета дека авионот е ризичен, тогаш постојат редовни комерцијални линии со економска класа. Не бизнис класа со карти од 4.000 евра, може да патува со економска класа, затоа што нашата економија не е за бизнис класа.
Наместо утре граѓаните да му бидат криви, бидејќи тие го плаќаат овој авион. Прво Мицкоски нѐ расплака со тажната приказна, сега нѐ загрижи. Се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!
Ако толку неодговорно се однесува кон сопственото семејство, како ли се однесува кога е во прашање државата?“, се додава во соопштението на СДСМ.
Македонија
Сообраќајот на патниот правец Скопје – Велес е нормализиран во двете ленти
Сообраќајот на патниот правец А1 Скопје – Велес е нормализиран во две коловозни ленти, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

