Македонија
Габер: Патот на Северна Македонија кон ЕУ отсекогаш бил трнлив
Политиката на проширување е најдобрата алатка за демократско консолидирање, поттикнување сложени реформи и зајакнување на слободите и основните права, меѓутоа нејзината трансформативна моќ се темели на условеноста и објективното вреднување на резултатите во процесот преку кои се одразуваат вредностите на Европската Унија, изјави денеска државната секретарка со Секретаријатот за европски прашања, Калинка Габер, на конференцијата посветена на Западен Балкан и ЕУ во Вилнус, организирана од Комисијата за европски прашања во парламентот на Литванија.
„Патот на Северна Македонија кон ЕУ отсекогаш бил трнлив, но актуелната состојба наметнува предизвици и на страната на ЕУ и нејзиниот капацитет да ги спроведува своите одлуки. Преку посветеноста на европската агенда и исполнувањето на условите од Брисел инвестиравме енергија за европеизација на општеството, но и политички капитал. Меѓутоа, ослабената перспектива за европска интеграција предизвикана со повторниот застој во процесот покажува дека неисполнетите ветувања на ЕУ имаат реперкусии врз стабилноста и просперитетот“, нагласи Габер во обраќањето на панелот „Западен Балкан – статус кво и клучни предизвици“.
Таа посочи дека ветото на Бугарија не го блокира само патот на Северна Македонија и Албанија кон ЕУ, туку и европските политики во регионот и ги поткопува кредибилитет на Унијата и довербата на јавноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

