Македонија
Клиника за гинекологија: Намален бројот на починати предвреме родени бебиња
Според податоците на Универзитетската клиника за гинекологија и акушертво, годинава е забележан намален процент на смртност на предвреме родените новороденчиња.
„Изминатата 2017 година бројот на починати предвреме родени новороденчиња изнесувал 167 од вкупно 781 или 21% од третираните на одделението за интензивна нега, додека во 2018 година за истиот период од 10 месеци починале вкупно 96 од 595 или 16% од третираните. За напоменување е дека кога станува збор за смртноста кај предвреме починатите новороденчиња дека станува збор за исклучително прематурни и високоризични новороденчиња“, велат од ГАК.
На Клиниката за детски Болести, пак, во 2017 година, на одделот за интензивна нега и терапија примени се 87 прематурни новородени. Од нив, 33 се деца родени под 28 гестациска недела и 22 биле со екстремно ниска родилна тежина под 1 000 грама.
Во 2018 година, од јануари до ноември, на одделот за интензивна нега и терапија, примени се 66 прематурни бебиња од кои 28 биле родени под 28 гестациска недела и 21 со тежина под 1000 грама. Вкупно 57 деца се испишани од одделот во добра состојба.
Од Клиниката за детски болести соопштија дека најмалото бебе во килажа кое било примено изминативе две години на одделот и било испишано во добра состојба имало само 480 грама. Од примените прематурни бебиња, со најмала гестациска возраст е бебе родено во 24/25 недела од бременоста кое тежело само 690 грама.
Клиниката за гинекологија оваа година го одбележува Светскиот ден на предвременото породување под слоганот „Да соработуваме: Партнерство со семејствата при грижата за малите и болни новороденчиња“.
„На Светскиот ден на предвременото породување 17. Ноември, ја објавуваме и соработката со граѓанската невладина организација ‘Лулка’, при што заеднички ќе им подаадеме рака и поддршка на сите родители кои имаат предвреме родено дете, и се обврзуваме дека ќе направиме се што е во наша моќ за семејствата кои допрва ќе се соочат со предвременото породување“, велат од Клиниката.
Од таму велат дека за подобрување на состојбата на овие бебиња и нивните семејства, почнати се бројни активности, а во тек се и мерки за подобрување на комуникацијата со семејствата, отворање на одделението и воспоставување на еден подобар однос на соработка и партнерство помеѓу персоналот и семејствата, имајќи ја пред нас заедничката цел, а тоа е подобар третман и подобро здравје на најмалите пациенти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
На свечена церемонија, утре Пендаровски ќе и’ ја предаде функцијата на Силјановска-Давкова
Во Кабинетот на претседателот, утре – 12 мај ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател со највисоки државни и воени почести.
По свечената церемонија новоизбраната претседателка Гордана Силјановска Давкова и претседателот Стево Пендаровски предвидено е да остварат тет-а-тет средба.
Државната изборна комисија денеска и’ го издаде уверението за избран претседател на Гордана Силјановска-Давкова. ДИК ќе треба да достави извештајот до Собранието за да биде закажана седница за утрешната инаугурација на Силјановска Давкова. Потоа таа пред пратениците ќе треба да даде свечена изјава по која ќе почне нејзиниот мандат.
Мандатот на Пендаровски истекува утре.
Македонија
Aхмети тврди дека со челниците на „Вреди“ во јануари потпишале декларација дека ќе владеат само со партии што поддржуваат уставни измени
ДУИ тврди дека и првите луѓе на коалицијата „Вреди“ (Влен), со кои ВМРО-ДПМНЕ договара коалицирање во новата Влада, се потписници на декларација во која уверуваат дека ќе владеат заедно само со оние политички партии кои се согласуваат да ги поддржат уставните измени.
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на денешниот собир на претставниците и членството на коалицијата рече дека декларацијата била потпишана во јануари годинава.
Во неа, се наведува дека почетокот на преговорите со Европската Унија (ЕУ) носи стратешки и значајни придобивки за нашата земја, а потписниците со обединет глас се придружуваат да одговорат на итната потреба за решавање и стабилност во земјата.
„За овие цели ние како политички партии изјавуваме: ‘Ние, долупотпишаните политички партии, имајќи ја предвид состобата во која се наоѓа државата и должноста што jа имаме кон граѓаните, чувствуваме обврска да изјавиме дека сме целосно решени, сега и во иднина да соработуваме и да владееме заедно само со оние политички партии кои се согласуваат да ги поддржат уставните измени како услов за продолжуванье на процесот на интеграција на земјата во ЕУ. Потписи на партиски претставници (наредени по азбучен ред): Арбен Таравари, Африм Гаши, Али Ахмети, Билал Касами и Изет Меџити“, стои во документот што го прочита Ахмети.
Претпладнево се случи првата рунда на преговори помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Влен, по којашто партиите соопштија дека ги договориле општите начела за идната Влада, која ќе се базира на три постулати: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото.
Од тука додадоа дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое ниво ќе продолжат разговорите за коалицирање.
Во изборната кампања, ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ излегоа со различни ставови за уставните измени, но во повеќе наврати беше потенцирано дека разговорите на таа тема ќе бидат ставени на маса по завршувањето на изборите.
Македонија
„Договорени се општите начела за идната Влада“ – заврши средбата на ВМРО-ДПМНЕ со Влен
Денеска беше остварена средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа присутни претседателот Христијан Мицкоски, потпретседателите Александар Николоски, Владо Мисајловски, Тимчо Муцунски и Гордана Кочоска Димитриеска, како и шефот на кабинет на претседателот Владимир Нелоски, од страна не ВЛЕН беа присутни Арбен Таравари, Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши.
„Договорени се општите начела на соработка за идната влада, која ќе се базира на три постулати: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото“, објави ВМРО-ДПМНЕ по средбата.
Заклучено е дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое ниво ќе продолжат разговорите до нивно финализирање.