Македонија
ГДУ: Извештајот на Стејт департментот потврдува дека нема резултати во борбата против корупцијата

Годишниот извештај за човекови права во Северна Македонија објавен од страна на американскиот Стејт департмент е потврда дека нема резултати во борбата против корупцијата, велат преку соопштение од Граѓанско демократска унија (ГДУ).
Партијата истакнува дека кога се работи за овој проблем, очигледно политичарите се силни само на зборови. Притоа, додава ГДУ, Стејт департменот укажува и на ограничената независност на судската власт, но и на поделеноста на медиумити и на заплашување на новинари, политизација на јавната администрација.
„Овие наводи се навистина загрижувачки. Притоа треба да биде јасно дека врз основа на овие работи ќе се носи и одлука во ЕУ дали ќе се започнат преговори. Имаме уште неколку месеци. ГДУ како партија постојано алармира дека мора да се засукаат ракавите и не само со зборови, туку и со дела да се покаже дека постои желба да одиме напред. Мора да се почитуваат правото и правдата, политичарите да ги тргнат рацето од судството и медиумите, во аминистрацијата да се вработуваат кадри врз основа на образование, квалификации и знаење, а не пресудна да биде партиската книшка“, велат од ГДУ.
Предупредуваат дека корупцијата бара радикална борба, а не парцијално дејствување и затоа ја охрабруваат Антикорупциска комисија да не подлегнува на никакви притисоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
„Влен“: Бујар Османи го вети автопатот Скопјe-Блаце, но донесе само лаги

„Поминаа 5 години, 7 месеци и 8 дена од свеченото потпишување на договорот за „првите 2 километри“ на автопатот Скопје – Блаце, а ветувањето на Бујар Османи со кое се фотографираше и политички се фалеше остана нереализирано“, велат од „Влен“.
„ФБ сесии, фотографи, изјави, скапи видеа, но резултати нула. Тоа е Бујар Османи. Ветуваа автопати, оставија само албуми со слики. Ветуваа нови болници, оставија семејни трагедии. Ветуваа водоводи, оставија пустош.
Бујар Османи беше министер во владата на Груевски, вицепремиер за европски прашања и министер за надворешни работи кај Заев и Ковачевски, вкупно повеќе од една деценија на највисоки државни функции. За тоа време немаше резултати за овој проект, ниту за албанските општини за кои најмногу ветуваше. Имаше Фејсбук сесии, снимени видеа и лажни ветувања, а резултати нула.
Доста беше со промотивни настани на лажни големи ветувања. Бујар Османи нема што да покаже како резултат зад себе, нема реализирани проекти, нема изградено ништо, нема помогнато никому.
Бујар Османи е политичар кариерист, без резултати. Неговите ветувања денес за Чаир се исти како ветувањето за автопатот кон Блаце пред пет и половина години. Празни“, се наведува во соопштението на „Влен“.
Македонија
На Табановце за излез од државата се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците на улица Филип Богдански, општина Аеродром;
· од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од дел од улицата Црноризец Храбар, од бр. 2 до бр. 20., општина Аеродром.