Македонија
ГДУ: Не смее да се дозволи зацементирање на пратеничкиот имунитет
Пред одржувањето на Жан Моне процесот во Охрид, ГДУ предупредува дека не смее да се дозволи зацементирање на пратеничкиот имунитет и со тоа бегање од правна одговорност како и тоа дека треба да се стави крај на неодговорното трошење на пари на граѓаните под форма на патни трошоци.
„Затоа предлагаме намалување на бројот на пратеници и конечно, конечно укинете ги безобразните патни трошоци околу кои сите сте “братски” обединети. Уставот вели бројот на пратениците е од 100 до 120, што ви дава можност и во овој момент да го намалите бројот на идниот собраниски состав, без притоа да има потреба од промени на Уставот“, им порача ГДУ на пратениците.
За ГДУ, како што велат, е неприфатлив предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за одземање на пратенички имунитет со двотретинско мнозинство, наместо со 61 глас, како и тоа да се остави можност за враќање на имунитетот на пратениик на кој претходно му бил одземен.
„ГДУ се залага актуелното решение за одземање на пратеничкиот имунитет со 61 глас да остане на сила и на пратениците да не им се овозможат дополнителни привилегии во случаи кога ќе треба да бидат изведени пред лицето на правдата. Во спротивно било која политичка сила во парламентот многу тешко ќе може да обезбеди двотретинска поддршка и на тој начин на пратениците ќе им се овозможи дополнителна комоција“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

