Македонија
ГДУ: Прво да прославиме, а реформите и подготовките за референдумот можат да почекаат
Изгледа малку беше чочекот во тунелот, па сега ќе се направи еден сенароден чочек. Оти сепак НАТО е повеќе од еден автопат. Што треба да очекуваме кога официјално ќе влеземе во ЕУ и НАТО?, велат од ГДУ.
„Прво да прославиме, а реформите и подготовките за референдумот можат да почекаат. Граѓаните се бунтуваат, музичарите се чудат, а Владата, онаа што се фалеше дека е ‘најтранспарентна’, си молчи. Договорите со изведувачите ги склучиле пред еден месец кога сè уште не се знаеше резултатот од Брисел, а Поповски и Бошњаковски уште не пресметале колку ќе чини славењето. Овој евтин пиар многу наликува на еден пиар од едно блиско минато“, порачаа од ГДУ.
Според нив, граѓаните сакаат подобра иднина, граѓаните бараат правна држава, институции во кои ќе веруваат, поголеми плати, подобро образование, подобро здравство, а не прослави, порачаа од ГДУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

