Македонија
Љубчо Георгиевски: Плукачи колку сакаш, а никој нема храброст да ме покани на јавна дебата
Лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски, деновиве се најде во центарот на вниманието на политичката јавност поради неговиот план во пет чекори за решавање на спорот со Бугарија.
Неговиот предлог наиде на критики oд многу страни, па долгогодишниот политичар и поранешен премиер денеска повторно упати порака преку социјалните мрежи барајќи можност своите ставови да ги презенира преку јавна дебата.
„Чудна работа, плукачи колку сакаш! А досега ниту еден патриотски новинар или тандем новинари не ме покани да ме распарчи во јавна дебата. А со задоволство би прифатил и доктор на науки по историја. Па, еве ви, кукавици, отворена понуда за дуел“, напиша Георгиевски.
Чудна работа плукачи колку сакаш! А досега ниту еден патриотски новинар или тандем на новинари не ме покани да ме…
Posted by Ljubco Georgievski on Понеделник, 01 март 2021
Лидерот на ВМРО-НП викендов изнесе план во пет чекори за решавање на спорот со Бугарија.
Тој предложи Македонија да даде гаранции дека нема претензии кон источна Македонија и нема да го помага македонското малцинство во Бугарија.
Понатаму, бугарскиот парламент во декларација да изјави дека под поимот македонска нација и македонски јазик подразбира само нација и јазик што се формирани по 1944 година.
Како четврта точка, Георгиевски се залага за промена на стратегијата на историските комисии, а последно тој предлага македонската страна да ја даде под концесија железничката пруга на бугарските железници со пресметан екстра профит да ја доградат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Целта е да изградиме модерен и европски здравствен систем: Алиу ги презентираше реформските процеси во здравството
Министерот за здравство, Азир Алиу, денес ги презентираше реформските процеси на состанокот на секторската работна група за здравство, што се одржа во Владата.
– Здравството претставува темел на стабилно, просперитетно и демократско општество. Нашата заедничка цел е да изградиме модерен, одржлив и европски здравствен систем – систем кој ќе биде ефикасен во превенцијата, навремен во дијагностиката, квалитетен во лекувањето и подеднакво достапен за сите граѓани. Продолжува тековната имплементација на ИПА II и ИПА III проектите, напредокот на националниот систем за трансплантација, како и реализацијата на инфраструктурните инвестиции во здравствениот сектор, рече во обраќањето Алиу.
Тој посочи дека Министерството финализираше и усвои повеќе стратешки документи со долгорочно значење за јавното здравје, меѓу кои Стратегијата за ретки болести, како прв системски документ кој поставува јасни цели за дијагностика, третман и поддршка на пациентите и нивните семејства, Стратегијата за сексуално и репродуктивно здравје, која го зајакнува пристапот до квалитетни, инклузивни и правично достапни услуги за сите категории население и Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението 2025–2030, кој претставува современ, превентивен и интерсекторски документ подготвен во согласност со европските стандарди и препораките на ЕК и СЗО.
На состанокот учествуваа претставници од Делегацијата на Европската Унија, Светската здравствена организација, УНИЦЕФ и Светска Банка, чија поддршка е од исклучително значење за унапредување на здравствениот систем и за негово усогласување со стандардите на Унијата.
-Ова е јасен доказ за заедничката определба за системско унапредување на здравствениот сектор и за поддршка на реформските процеси што нашата држава ги спроведува на патот кон Европската Унија, истакна Алиу.
Македонија
Сите средни училишта во Скопје ќе добијат фотоволтаици
Сите средни училишта во Скопје ќе добијат фотоволтаици, кажа на денешната седница на Советот на градот Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
„На денешната седница на Советот на градот Скопје, го потврдив она што го ветив во мојата кампања, дека започнуваме со целосна енергетска трансформација на образовните институции. Секое средно училиште на територијата на градот ќе добие сопствен фотоволтаичен систем до крајот на мојот мандат. Ова е сериозна економска мерка која ќе значи над 30% намалување на трошоците за електрична енергија. Токму овој модел успешно го воспоставивме во сите основни училишта во Кисела Вода, а сега го пренесуваме на ниво на цел град.
Фотоволтаиците се најчистиот и најисплатлив извор на енергија“, рече Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека со оваа инвестиција се создадават современи училишта кои произведуваат чиста енергија и ги учат младите на вистинските вредности, на одржливост, иновација и грижа за средината.
Македонија
(Видео) Манасиевски: Третиот стожер на „Стратегијата Македонија 2030“ е правна држава и институционална зрелост
Развојот на државата е невозможен без силни и доверливи институции. Затоа, „Стратегија Македонија 2030“ поставува јасна обврска, а тоа е систем изграден од правила, стандарди и професионализам, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Денес го презентираме третиот стожер – Правна држава и институционална зрелост. Нашиот план се заснова на три основи, а тие се независност, професионалност и транспарентност.
Првиот чекор е итно потребен, а тоа е независно судство. Судиите и обвинителите мора да напредуваат според компетентност, интегритет и резултати, а не според партиска припадност. Во овој дел дигитализацијата ќе ја зголеми транспарентноста и ќе ја намали можноста за евентуални злоупотреби“.
Вториот чекор, вели тој, е администрација која ќе служи на граѓаните, а не командува. „Јавната служба мора да биде според мерит-систем, а тоа значи професионална и ориентирана кон граѓанинот. И во овој дел, дигиталните процеси ја намалуваат корупцијата и ја зголемуваат ефикасноста.
Третиот чекор е реална борба против корупцијата. Не со прес-конференции, туку со систем. Дигитализирани јавни набавки, автоматски проверки, алгоритамски аларми и професионални структури независни од политиката.
Четврт и последен чекор од овој трет стожер е полиција со кредибилитет. Полиција која мора да штити, а не да владее. Таа мора да биде видлива, одговорна и доверлива.
Правната држава не е формалност, таа е темел на економијата, демократијата и стабилноста. Системот мора да биде посилен од било кој поединец“.

