Македонија
Георгиевски: Почнува интензивна акција за спас на Охрид како природно и културно наследство
Охрид беше и Охрид продолжува да биде светско природно и културно наследство, посочи на денешната прес-конференција градоначалникот Костантин Георгиевски.
Тој всушност ги пренесе впечатоците од 43. сесија на Комитетот за Светско наследство на УНЕСКО, која се одржа во Баку, Азербејџан, а на која беше одлучено дека засега градот нема да се најде на листата на загрозени подрачја. Имено, УНЕСКО му даде рок на градот до февруари следната година да ги спроведе препораките за заштита на природните богатства.
„На сите состаноци преовладуваше исклучително позитивна атмосфера на доверба и разбирање за аргументите и фактите околу постапките на Владата и Општината по однос на препораките на реактивната мисија“, кажа градоначалникот.
Георгиевски нагласи дека градските власти остануваат отворени за сите политички и општествени чинители во градот и во државата.
„Нудиме соработка на експертската јавност, граѓанскиот сектор и медиумите. Но, за да имаме одржливи решенија, неопходно е партнерство со граѓаните на Охрид“, посочи тој додавајќи дека активностите започнуваат уште утре.
Градоначалникот најави дека во Големата општинска сала во 20 часот пред жителите на Стар Град ќе се презентира моделот за регулирање на сообраќајот во истиот.
„Дополнително ќе печатиме материјали и ќе користиме и други канали за комуникација со цел да ја зголемиме информираноста кај граѓаните и да ја зајакнеме свеста за мерките што ги преземаме“, истакна Георгиевски, кој најави дека битката за спас на Охрид допрва ќе се интензивира на сите полиња.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

