Македонија
Георгиески: Охрид се задушува од урбанистичкиот хаос

Охрид се задушува од урбанистичкиот хаос што го создаваат СДСМ и в.д. градоначалникот Константин Георгиески, изјави Перчо Божиновски, портпарол на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, на прес-конференција.
Урбанистичката деградација, рече Георгиевски, стана главна одлика на оваа локална власт, а животот на СДСМ значи незаконски да се заграбат најатрактивните простори на охридското крајбрежје.
„Бидејќи претходно не успеаја во Градиште, сега повторно се обидуваат да легализираат бесправно изградени објекти на земјиште сопственост на Република Македонија во крајбрежниот појас – во Трпејца, кај автокампот ‘Андон Дуков’ во Велестово и на други локации, без изградени објекти, но на атрактивна местоположба“, обвинува опозицијата.
Георгиевски праша зошто не се почитува Законот за постапување со бесправно изградените објекти, како и дали Георгиески со дивоградби ќе го заштити Студенчишкото Блато.
ВМРО-ДПМНЕ бара од Георгиески да ги повлече точките од дневен ред за легализација на дивоградбите на 26. седница на Советот на Општина Охрид. Од партијата ги повикуваат и еколошките друштва и граѓански здруженија да се придружат во борбата за зачувување на доброто на Охрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец Живалево – Туралево

Од 06:45 часот сообраќајот на патниот правец село Живалево – село Туралево е нормализиран, извести АМСМ.
Од 05:00 часот, поради одрон, сообраќајот на тој патен правец беше во прекин и се одвиваше наизменично, по една коловозна лента.
Македонија
Одрон на патниот правец Живалево – Туралево, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 05:00 часот на патниот правец село Живалево – село Туралево има одрон, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Во 03:40 часот се укинува забраната за тешки товарни возила према превој Стража, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места дожд и снег

Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места од дожд и снег, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 7 степени, а максималната ќе биде во интервал од 4 до 11 степен.
Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, а на повисоките места од котлината со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти со 3, а максималната ќе достигне 7 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност нашата држава е зафатена од студен бран кој доаѓа од северните делови на континентот. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 l/m² дожд. Денес на планините врнежите ќе преминуваат во снег, при што ќе се формира значителна снежна покривка. Поради натамошно спуштање на студен воздух, ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во снег и на некои од повисоките населени места. За време на викендот времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура, а дневната ќе биде во благ пораст.