Македонија
Герасимовски: „Дебарца” се реконструира, вложуваме во побезбеден и поквалитетен сообраќај
Општина Центар започна со реконструкција на улицата „Дебарца”, на потегот од улицата „Ленинова” до студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“. Се реконструира делница во должина од 220 метри, со целосна санација на коловозната површина од 1.700 квадратни метри, како и обновување на тротоарот од едната страна со површина од 1.000 метри квадратни, извести општина Центар.

„Продолжуваме со реконструкција и санирање на повеќе улици во општината согласно зацртаната програма. Приоритет ни е модерна и квалитетно изведена патна инфраструктура за побезбеден и полесен сообраќај”, изјави градоначалникот Горан Герасимовски.
Овој дел од улицата е во амортизирана и дотраена состојба, со сериозни оштетувања што го отежнуваат нормалното одвивање на сообраќајот. Со реконструкцијата значително ќе се подобрат условите за движење и безбедноста, а ќе се придонесе и за поквалитетно урбано уредување на просторот.

Средствата за реализација се дел од поддршката што Општина Центар ја доби од претходната Влада, во износ од 40 милиони денари, наменети за реконструкција на улиците „Светозар Марковиќ“ и „Дебарца“. Според предвидената динамика, се очекува работите да завршат за два месеци, соопштуваат од општина Центар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

