Македонија
Герасимовски додели 81 стипендија на ученици за учебната 2021/2022 година
Со пораки за понатамошни успеси и достигнувања во областите на спортот, науката и културата, градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, ги додели стипендиите на талентираните ученици од општинските основни училишта.
Герасимовски додели вкупно 81 стипендија во висина од 2500, односно 3000 денари, средства обезбедени од општинскиот буџет, кои учениците ќе ги користат до крајот на учебната 2021/2022 година.
„Талентот е доблест која треба да се поддржува. Ми претставува особено задоволство што како одговорна локална самоуправа можеме на нашите најмлади сограѓани да им помогнеме во реализирањето на нивните цели и идеи. На стипендистите им посакувам успех, а овие стипендии нека бидат уште еден мотив плус и за сите други деца уште повеќе да учат, да се трудат и да работат, за во иднина со нивните дела и подвизи да бидат вистински претставници на општина Центар“, изјави градоначалникот Герасимовски.
Општина Центар секоја година распишува јавен повик за доделување стипендии за талентирани ученици од основните училишта во областите на спортот, науката и културата, врз претходно утврдени критериуми кои учениците треба да ги исполнат.
Оваа година се доделени 29 стипендии од областа на културата, 25 од науката и 27 од областа на спортот.
Минатата недела градоначалникот Герасимовски додели 8 стипендии на деца од семејства со висок социјален ризик, по едно дете од секое општинско основно училиште. Вкупно 89 ученици од основните училишта ќе користат стипендии од општина Центар за оваа учебна 2021/2022 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

