Македонија
Герасимовски до младите: Аплицирајте за субвенција за полагање возачки, безбедноста е најважна
„Возењето автомобил без возачка дозвола е опасно за сите, младите лица мора да имаат положено возачки испит доколку сакаат да бидат учесници во сообраќајот. Вчера, распишавме јавен повик за доделување субвенции на младите жители на Центар за полагање на возачки испит Б-категорија во автошколи регистрирани на подрачјето на нашата општина. Со овој чекор, преку субвенција од 10 илјади денари ги поттикнуваме младите да учат од професионални возачи, законски да можат да управуваат возило наместо да возат без возачки дозволи што е недозволиво. Безбедноста на младите во сообраќајот е приоритет!“, истакнува градоначалникот Горан Герасимовски.
Герасимовски, потенцира дека возењето возило со возачка дозвола е клучно за безбедноста во сообраќајот, а за да се биде одговорен учесник во сообраќајот, неопходно е да се помине обука и да се има возачка дозвола.
Право на субвенција имаат сите млади лица кои во текот на 2025 година ќе наполнат 18 години, односно родени се во 2007 година, а живеат на подрачјето на Општина Центар најмалку една година.
Субвенцијата изнесува 10.000 денари и може да се користи единствено за полагање на возачки испит во автошколи кои се регистрирани во Општина Центар.
Доставата на барањата се врши во архивата на Општина Центар – Скопје (барака бр. 6), од 09:00 до 15:00 часот, со приложување на следните документи:
– Барање за субвенција;
– Копија од лична карта;
– Копија од трансакциска сметка;
– Доказ за извршена уплата во автошкола; – Доказ дека автошколата е регистрирана на подрачје на Општина Центар;
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден)
Македонија
Облачно со повремени локални врнежи од снег
Времето денеска ќе биде облачно со повремени локални врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови и се очекува висината на снежната покривка на планините и на некои од повисоките места да се зголеми до 25 cm. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до -2, а максималната ќе достигне од 0 до 6 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 2 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно време со пораст на температурите. До сабота ќе се задржи претежно стабилно време, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Од сабота кон крајот на денот повторно се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.

