Македонија
Герасимовски: Заедно со пензионерите ги реализираме сите проекти, позитивно оценети услугите „Итно копче“ и „Нега за стари лица“
Градоначалникот Горан Герасимовски, утрово го посети пензионерскиот клуб „Мирче Ацев“ како дел од активноста за посета на сите осум пензионерски клуба на територијата на Центар. На оваа средба, со пензионерите се дискутираше за тековните проекти што Општината ги спроведува за подобрување на секојдневието на повозрасните центарци.
Герасимовски, информираше дека сите проекти и активности што се реализираат во општината се во координација со пензионерите.
„Го слушаме гласот на пензионерите и ги земаме предвид сите нивни идеи при носењето на одлуките. Секој проект што го реализираме за повозрасните граѓани е резултат на нивните потреби и предлози. Овие средби се можност за директен разговор, размена на идеи и креирање решенија што навистина ќе го подобрат квалитетот на животот на пензионерите. Нивниот глас е важен, а нашата задача е тие предлози да ги претвориме во конкретни активности“, истакна Герасимовски.

На средбата, пензионерите ја поздравија новата услуга „Итно копче“ што општината ја реализира со Црвениот Крст, како и нега за стари лица кои обезбедуваат брза реакција и поддршка во итни случаи.
Дополнително, позитивно беше оценета и еднократната парична помош во висина од 2.500 денари.
„Нашата цел е пензионерите да се чувствуваат безбедно, сигурно и поддржано. Со услугата ‘Итно копче’ и домашната нега, обезбедуваме брза и ефикасна помош за оние на кои им е најпотребна. Дополнително, со финансиската поддршка сакаме да дадеме мал, но значаен придонес во олеснувањето на нивните секојдневни трошоци“, рече Герасимовски.

Герасимовски најави дека сите добиени идеи од средбите ќе бидат разгледани со цел нивна имплементација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

