Македонија
Герасимовски: Кога стапувате на функција не ги делите луѓето по партиски или било кои други основи

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, зеде учество во панел дискусијата „10 години потоа, кога бевме помлади“, во рамки на Академијата за јавни политики, дел проектот за Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија, поддржан од Владата на Швајцарија, а имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи.
На панел дискусијата заедно со градоначалникот на Општина Арачиново, Ридван Ибраими, Герасимовски и учесниците дискутираа и за работата во Општина Центар, работата на Советот, за тоа како функционираат советничките групи и општо, за локалната политика во државава.
„Нашите помлади колеги ќе научат дека кога ќе стапите на функција, не ги делите луѓето по партиски или по било кои други основи. Кога стапувате на позиција, ваша обврска е да си ја завршите работата најдобро што знаете и умеете и на крајот, да обезбедите резултати од кои корист ќе имаат сите граѓани“, изјави Герасимовски на панел дискусијата.
Герасимовски и Ибраими во своите излагања ги презентираа проблемите и предизвиците со кои се соочуваат самите тие во нивните секојдневни работи и потоа одговараа на прашањата поставени од учесниците на Академијата за јавни политики
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски за интерпелацијата на Коцевски: Јас не ги менувам ставовите преку ноќ

На еден ден пред расправата за интерпелацијата на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесена од партијата Левица, премиерот Христијан Мицкоски вели дека не го менува ставот ниту тој како човек, ниту пак го менува ставот партијата ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски уште во март, по пожарот во Кочани, кажа дека ќе им даде шанса и на Коцевски и на останатите обвинители да работат и да сработат, имајќи ја предвид чувствителноста на ситуацијата.
„Јавноста ќе види утре. Ние како политичка партија и јас како човек, не ги менуваме ставовите преку ноќ“, рече премиерот Мицкоски одговарајќи новинарски прашања по свеченото отворање на базен во ООУ „Невена Георгиева- Дуња“ во Кисела Вода.
Интерпелацијата за Коцевски ја поднесе партијата Левица во јуни поради селективност во истрагата за пожарот во Кочани, политичко влијание во работата на Обвинителството, функционален хаос во Вишото јавно обвинителство Скопје и непостапување по службена должност за дивоградбите во Скопје.
Пратениците утре ќе расправаат за интерпелацијата на Коцевски во рамки ја 64. Пленарна седница на Собранието.
Обвинителот Коцевски ги отфрли сите наводи во интерпелацијата и кажа дека функцијата ја врши чесно и одговорно.
Македонија
(Видео) Јанковиќ: ВМРО-ДПМНЕ катастрофлано потфрла во справување со пожарите, лани изгореле 95.000 хектари

Состојбата со пожарите во државата е алармантна. За само едно деноноќие се регистрирани над 50 пожари, а веќе со денови горат планини, шуми и пасишта на повеќе локации низ државата. Гори во Берово, Прилеп, Катланово, Петровец, Кичево, Кратово, Крива Паланка, Желино, Старо Нагоричане, Македонски Брод, вели Јовица Јанковиќ од СДСМ.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ, додава тој, потфрли целосно во справување со пожарите и оваа година исто како и лани.
„Статистичките податоци покажуваат драматични, аларманти податоци. Минатата година, изгореле 95,181 хектари во Македонија. Дури 8 пати повеќе отколку од просекот во последните 17 години.
Најстрашно од се е што бројката на изгорена површина на Македонија во 2024 година – 95.181 е далеку поголема од бројките во една Шпанија, Италија, Франција, кои по површина се поголеми од нашата татковина.
По она што се случува оваа година, трендот за жал оди во нагорна линија.
Изгорени се повеќе од 20% од вкупната површина на шуми и пасишта. Тоа значи уништена природа, загрозени животи, имоти и здравје на граѓаните.
Наместо брза и координирана реакција, гледаме катастрофална неспособност на власта во справувањето со пожарите.
Се доцни со интервенции, нема доволно лица на теренот, нема нова опрема, нема нови противпожарни возила, нема доволен број пожарникари“.
Според него, иако ВМРО-ДПМНЕ ветуваше дека ќе бидеме најподготвени досега, гледаме, како што рече, дека тоа било уште една голема лага.
Оценува дека наместо нови возила, Владата на ВМРО-ДПМНЕ потрошила 7 милиони евра за службени мобилни телефони.
„Колку противпожарни возила ќе се купеа со тие 7 милиони евра?
Нема ниту нова опрема, нема нови системи за гасење, ниту нови авиони. Наместо тоа, гледавме расфрлање со парите на граѓаните – за скапи приватни летови, луксузна морска храна, папаја и манго.
Нема нови вработувања на пожарникари, нема ниту зголемување на платите за хероите што се борат со огнот, затоа што приоритет на ВМРО-ДПМНЕ се партиските вработувања и вдомување на партиски кадар.
Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ ги одбива сите конкретни предлози на СДСМ. Последен пример е ребалансот на Буџетот – не прифатија да се обезбедат 500 милиони денари за зголемување на бројот на пожарникари, за нивни плати и за нова опрема.
Тоа е страшно, жално и крајно неодговорно“, истакнува Јанковиќ.
Ги повика институциите да се разбудат и да почнат да работат.
Како што нагласи, ова не е време за ПР. Ова е време за итно мобилизирање ресурси, време да се заштитат животите и имотите на граѓаните.
Македонија
(Видео) Лефков: Доколку Бугарија е искрена, нема зошто да ескивира од заедничка резолуција пред ЕП за заштита на македонскиот идентитет и на јазикот

Се уште очекуваме став од Бугарија за предлогот на претседателот Мицкоски, за заедничка Резолуција за заштита на македонскиот идентитет и јазик пред ЕП, мистакна на прес-конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Ние го изнесовме овој предлог од две причини: Доколку Бугарија е искрена, и не го оспорува нашиот идентитет и јазик, тогаш ќе прифатат и заедно ќе ја поднесеме Резолуцијата.
Доколку Бугарија не е искрена, тогаш ќе ескивира по секоја цена“.
Во моментот сме сведоци, додава Лефков, дека Бугарија бега од идејата, а со тоа покажува став кон Македонија, кој не е демократски, не е добрососедски, ниту пак е човечки.
„Гласините кои ги слушаме од некои кругови во Бугарија, го отсликуваат наративот кој Русија го има кон Украина, со целосна негација на нашата самобитност.
Ние знаеме кои сме и целиот свет знае кои сме. Но, фактот што Бугарија го негира тоа, и сака во темел да ги поткопа основните човекови права, дава јасен знак дека сите треба да се запрашаме зошто е тоа така и ќе остави ли ЕУ да бидеме жртва на политики од 19 век, политики на негација на самобитноста исти по размер како тие Русија што ги применува врз Украина“.
Македонија, нагласува Лефков, е пред се добар сосед, држава членка на НАТО, држава која дала и дава свој придонес кон европската безбедност и единствено нешто кое го сакаме, како што рече, како народ, е да бидеме почитувани и да имаме третман како сите останати.