Македонија
Герасимовски: Набавивме 16 смарт табли, проектори и компјутери за основните училишта во Центар
Општина Центар набави 16 смарт табли, проектори, тавански држачи за проектори и кабли, печатач и компјутери за основните училишта во Центар.
Оваа набавка од страна на одделението за образование при Општина Центар е со цел основците да имаат комплетна можност за реализирање на современа настава, користење на дигитални учебници, еду-платформи, вклучување во разновидни проекти, он лајн работилници и слично.
Овие смарт табли треба да бидат дополнителни алатки, преку кои учениците ќе ја развиваат својата иновативност, способност за решавање на задачи, индивидуален но и колективен пристап за учење како и распознавање и респонзивност кон дадените лекции.
![]()
„Нема ништо поважно од вложувањето во училиштата и образовните институции, каде што е развојот на нашата иднина. Вложувањето во квалитетното образование не подразбира само вложување во човечки ресурси или инфраструктурни зафати туку и во нагледните средства како важни во севкупниот наставен процес. Станува збор за нагледни средства кои што со визуелизација им даваат можност на учениците многу полесно да ги совладуваат наставните содржини. Ние како општина ќе продолжиме во континуитет да вложуваме во модернизација и осовременување на образовниот процес, преку воведување на напредни технолошки алатки, кои ќе го олеснат процесот на совладување на наставниот материјал на учениците, преку креативност и современи дигитални форми“ – смета Горан Герасимовски, градоначалник на Општина Центар.
Општина Центар неодамна го отвори и целосно опремениот кабинет по информатика во ООУ „Киро Глигоров“ во населба Капиштец.
Целта на овие инвестиции од страна на општината е унапредување на начинот на образование со квалитетни и современи наставни програми за подобра разбирливост и поголеми резултати на учениците од општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

