Македонија
Герасимовски: В година ќе формираме претпријатие за производство на електрична енергија
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, учествуваше на вториот Социо-еколошки форум (СЕФ) во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, Mеѓународниот центар „Олоф Палме“ и „Прогрес“ – Институтот за социјална демократија.
Герасимовски со другите колеги градоначалници од земјата и странство зеде учество во дискусијата посветена на техничките решенија за промени на локално ниво. На дискусијата Герасимовски, покрај другите локални политики на Општината за заштита на животната средина и зелената агенда, ја претстави и одлуката за формирање претпријатие за производство на електрична енергија за потребите на основните училишта и другите објекти на Општина Центар.
„Преку новото јавно претпријатие ќе почнеме со поставување фотоволтаици, за почеток на основните училишта, а потоа и на другите објекти што се во надлежност на Општината. Со работата на јавното претпријатие и поставувањето на фотоволтаиците на основните училишта значително ќе заштедиме на сметките за топлинска и електрична енергија“, посочи Герасимовски.
![]()
На 14-тата седница советниците едногласно ја поддржаа иницијативата за основање општинско јавно претпријатие за производство на електрична енергија. На последната 16-та седница на Советот на Општина Центар советниците ги изгласаа планот и програмите за развој на општина Центар за периодот од 2023 до 2025 година, во која е содржан и проектот за поставување фотоволтаици на основните училишта.
Со поставувањето фотоволтаици Општината значително ќе заштеди на трошоците за сметки за топлинска и електрична енергија во основните училишта, а средствата ќе може да се пренаменат во други активности важни за жителите на општина Центар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

