Македонија
Герасимовски: Поддршката од САД е клучна за развојот на нашата земја
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, оствари средба со претставникот на Стејт департментот за Западен Балкан, Габриел Ескобар. На средбата разговараа за актуелната состојба во регионот и во државата, но и за тоа како локалната самоуправа придонесува во евро-атлантската интеграција.
Високиот американски дипломат укажа дека Северна Македонија е голем билатерален партнер и извонреден сојузник во НАТО и потсети на стратешкиот дијалог што САД го имаа со Северна Македонија во јуни во Вашингтон. Поддршката што Република Северна Македонија ја добива од Соединетите Американски Држави како стратешки партнер е од клучно значење за развојот на држава.
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, е во 10-дневна посета на Соединетите Американски држави организирана од Амбасадата на САД во Република Северна Македонија.
Герасимовски во Вашингтон е со колеги политичари од Хрватска, Унгарија, Кенија и од Боцвана, каде што ги претставува политиките на државата.
Во текот на вчерашниот ден Герасимовски учествуваше на предавањата, каде што главна тема беа медиумите и нивната улога во политиката.
Предавањата ги одржа Јасмин Рајт, репортерка во Си-ен-ен задолжена за случувањата во Белата куќа, а предавања одржаа и локалните советници од општини во државите Мериленд и Вирџинија, кои по завршувањето на посетата во САД, ќе бидат применети во секојдневна работа на Општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и на Стража
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, извести АМСМ.
Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар, а до 80 метри на планинскиот превој Стража.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 12 степени.
Времето во наредните денови
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд. Долж Повардарието ќе дува умерен до засилен северен ветер. За време на викендот под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса ќе има врнежи од дожд кои повремено наместа ќе бидат пообилни (над 30 l/m2). Локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со пороен дожд, грмежи и силен ветер. Во почетокот на следната седмица ќе има заладување и врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00-15:00 часот дел од улицата Тиквешка, улицата Нов Живот, улицата Индира Гранди, улицата Брсјачка Буна, улицата Овчеполска, улицата Пелагонија, улицата Демирхисарска, улицата Злетовска, улицата Слан Дол, улицата Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.

