Македонија
Герасимовски: Поради голем интерес, продолжен рокот за закажување бесплатни стоматолошки услуги за пензионери
На барање на пензионерите се продолжува терминот за закажување бесплатни стоматолошки услуги, кои Општина Центар неодамна ги воведе во соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, Стоматолошкиот Факултет – Скопје. Пензионерите ќе може да закажуваат термини за бесплатни стоматолошки прегледи на телефонскиот број 071/223 320 секој работен ден од 8 до 14 часот. На овие стоматолошки прегледи пензионерите ќе добијат нов датум кога ќе бидат извршени бесплатните стоматолошки услуги во зависност од потребата на корисникот.
„Бесплатните стоматолошки услуги што ги воведовме неодамна наидоа на голем интерес кај пензионерите. Верувам дека оваа услуга има голем бенефит кај нашите повозрасни сограѓани како од здравствен така и од финансиски. Во ек на економска криза и ниски пензии бесплатните стоматолошки прегледи се од големо значење затоа што овозможуваат интервенции, без да ги наплатат стоматолошките услуги и користените материјали. Затоа ги повикувам заинтересираните да се јават на телефонскиот број и да го закажат својот термин за преглед“, порача Герасимовски.
Бесплатните стоматолошки услуги Општина Центар ги спроведува во рамките на проектот „Дејствувај за подобро орално здравје“. Општината со воведување на бесплатните стоматолошки прегледи за пензионерите воведе и бесплатни стоматолошки услуги за децата од градинките што доаѓаат од семејства во социјален ризик, а дополнително овие услуги ги користат и учениците од социјално загрозени семејства од сите основни училишта во општината.
Општина Центар продолжува да вложува во проекти што ги подобруваат здравјето и живеењето на граѓаните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

