Македонија
Герасимовски: Преку заедничко планирање на проектите со граѓаните го унапредуваме животот во Центар
Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, и општинската администрација вчера ја одржаа завршната сесија за буџетските форуми. Преку овие форуми Општината овозможува партиципативно граѓанско учество во креирањето и реализацијата на општинските програми и стратешки планови. Притоа градоначалникот Герасимовски зборуваше за капиталните проекти во Општината планирани за следната 2023 година и воедно ги повика граѓаните да дадат предлози за населбата во која живеат со цел таа да стане поубаво место за сите жители.
„Ова е завршен настан што нам во Општината ќе ни помогне да ја финализираме финансиската рамка за буџетот за 2023 година, кој треба да го затвориме набргу. Сакам заеднички да ги креираме програмите и проектите на Општината, со што ќе придонесеме за поквалитетен живот за сите нас. Нам ни е важен вашиот придонес, да ни кажете дали планираните проекти за наредната година се во согласност со вашите барања и потреби или треба нешто да промениме и додадеме“, изјави Герасимовски пред присутните граѓани.
Во истата пригода пред граѓаните Герасимовски ги кажа и трите клучни проекти за наредната година, како целосната реализација на градинката „Пролет“, чија изградба е во тек, изградба на монтажна гаража во Капиштец со капацитет за 260 возила и основање општинско претпријатие за производство и продажба на струја.
На вчерашната дискусија граѓаните побараа обележување на велосипедска патека на улицата Народен фронт, предлог за побрзо донесување на ДУП-от за Буњаковец 1 и Буњаковец 2, нови проекти во образованието, стоп за насилството во училиштето, тркалезна маса за ученици и учители, летна школа за сите ученици, како и натпревари на општинско ниво.
Општина Центар ги креира буџетот и општинските проекти заедно со граѓаните затоа што тоа е правилниот начин за сите граѓаните да добијат проекти, кои ќе им го подобрат животот во населбите во коишто живеат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Хрватскиот министер за надворешни и европски работи во посета на Македонија
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денес и утре ќе биде домаќин на министерот за надворешни и европски работи на Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, кој ќе престојува во официјална посета на Македонија.
Двајцата министри ќе разговараат за билатералните односи, економската и секторската соработка, како и за европската интеграција на земјата и можностите за користење на хрватското искуство во процесот на пристапување кон Европската Унија, соопштија од Министерството.
Во фокусот ќе бидат и соработката во рамки на НАТО, регионалните прашања и актуелните меѓународни случувања.
Македонија
„Блокадафест“ пред влезот на Усје, целодневен протест со музичка програма
Утре со почеток од 15 до 23 часот ќе се одржи целодневен протест пред влезот на фабриката Усје.
„Со нас застанаа уметници кои својот протест го изразуваат со она што најдобро го знаат – музиката. Волонтерски ќе настапат: DJ Александар Јорданов, DJ Chvare, DJ Andrew Meller, Новиот Почеток, Хајка, Луфтханза, Животни, Големата Вода, DJ Базел, DJ Emily Nas, Дина Јашари, Член 16, Зарина Првасевда и Корка. Нивната поддршка е порака дека ова не е изолиран протест, туку заедничка борба за уставно загарантираното право на чист воздух“, се вели во најавата за протестот од „Стоп за Усје“.
Од таму велат дека „Блокадафест“ е јасен повик до институциите и до Титан Усје: здравјето на граѓаните не е преговарачка категорија.
„Додека фабриката продолжува да загадува, ние излегуваме заедно да го блокираме загадувањето и да покажеме дека отпорот може да биде гласен, солидарен и креативен“, се вели во најавата.
Македонија
ВЛЕН: Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби?
„Ништо повеќе не е исто како порано. Почнува внатрешната пресметка во Мала Речица. Од една страна се Али Ахмети со групата поранешни функционери кои глумат невини и чесни, а од друга страна е Артан Груби на кого овие првите додека беше во бегство лично го натоварија за сите политички и коруптивни зла на ДУИ“, велат од ВЛЕН.
„Вистина е дека Артан Груби не е ‘обичен’ поранешен функционер, туку човекот што ги знае сите влезови и излези на системот што ДУИ го градеше со години. Тој е живата подвижна архива на една партиска шема што со години се криеше од јавноста. Кога “црната кутија” еднаш ќе падне во рацете на институциите, нема веќе простор за глума, ниту за митови. Почнува расплетот.
Затоа во ДУИ владее паничен страв. Заплетот влегува во фаза во која соопштенијата и пресовите на ДУИ повеќе не вршат работа, туку фактите. Институциите почнуваат да копаат по вистината што ДУИ со години ја закопуваше, како се кроеше моќта зад грбот на граѓаните и каде исчезнуваа буџетските пари.
Дали стравот од моментот кога сенката на Али Ахмети ќе почне да зборува и ќе почнат да излегуваат имиња, шеми и улоги, тера некого да користи мафијашки методи на заплашувања? Кој од ДУИ му се заканува на Артан Груби? Кој во ДУИ бара од Груби да го почитува мафијашкиот код “омертаʼ” за молчење и несоработка со институциите“, прашуваат од ВЛЕН преку соопштението.

