Македонија
Герасимовски ќе ја обжали приватизацијата на државното земјиште кај „Тифани“
По последните написи во медиумите за решението за одземање на правото на користење на државното земјиште на катастарската парцела, близу зградата „Тифани“, во надлежност на Општина Центар, од страна на Управата за имотно-правни работи, подрачно одделение за првостепена управна постапка во Центар-Скопје, Општината веќе подготвува жалба за предметот.
Од општината велат дека ДУП-от – Централно градско подрачје на Град Скопје – Мал ринг, планот за локацијата од интерес на јавноста, со измените и дополнувањата од 21.12.2012, на градежната парцела бр. 5.9.1. во чии рамки се наоѓа катастарската парцела 11842/1, од која дел е во државна сопственост, предвидува градби од категорија А2, односно Домување во станбени згради.
Градежната парцела бр.5.9.1. е во сопственост на државата, каде трајно право на користење има Општина Центар, е со вкупна големина од 413 м2. (Од три расположливи катастарски парцели, оние кои се во сопственост на РМ се со површина од 22 квадратни метри и 90 квадратни метри, а најголема е парцелата која во Катастарот се води како државен имот врз кој право на користење има Општина Центар. Таа е со површина од 301 квадратен метар, но приватизација Управата за имотно-правни работи ја одобрува на 185 квадратни метри).
Општина Центар повторно информира дека е затекната од Решението донесено од Управата за имотно-правни работи, Подрачно одделение за првостепена управна постапка во Центар-Скопје при Министерството за финансии, со кое престанува правото на користење со градежното земјиште. Зачудува фактот што Управата воопшто не ја исконсултирала општината на било кој начин.
Општина Центар во овој случај ќе ги искористи сите правни средства и лекови за да се поништи донесеното решение од Управата за имотно-правни работи.
Ставот на градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски е дека општината нема да дозволи злоупотреба на ниту една педа државно земјиште.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

